Совети за мајки и татковци кои се убедени дека се лоши родители

Не претерувајте со казните

Неретко, гневните родители им даваат престроги казни на нивните деца. Затоа, кога ќе почувствувате гнев, подобро почекајте да се смирите пред да му кажете нешто на детето.

Откако и двајцата ќе се смирите, разговарајте за проблемот и најдете заедничко решение.

Најчесто строгите казни само ќе го разгневат и детето, и на крај нема да постигнете ништо.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-05.jpg

Прифатете дека не можете да му дадете сè на вашето дете

Сигурно сакате вашето дете да има сè што му е потребно, но не заборавајте дека нема да можете да ги исполните сите негови желби. Ова, пак, не е причина да се чувствувате виновно.

Ако не можете да му го купите најновиот смартфон на детето, не значи дека сте лош родител. Едноставно, објаснете му на детето дека не сте во можност да му го дадете тоа што го сака во моментот.

Истовремено, покаете му ја вашата љубов без материјални нешта - заедно одете во парк, излезете на прошетка, изгледајте некој филм...

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-06.jpg

Признајте си ги грешките

Веќе напоменавме дека сите грешиме, па многу поважно е дали ќе преземете одговорност за вашите грешки.

Ако не сакајќи ги повредите чувствата на вашето дете, извинете му се и покажете му колку го сакате.

На овој начин не само што ќе го расположите детето, туку и ќе го научите секогаш да презема одговорност за неговите грешки.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-07.jpg

Опуштете се

Кога минувате време со детето, обидете се да се опуштите и да уживате во разговорот.

На децата им годат разговорите со родителите, па овозможете им го токму тоа.

Разговарајте за вашиот и денот на детето, за вашите омилени активности, за омилените филмови … Обидете се да изградите пријателство со вашето дете и зајакнете ја вашата врска.

soveti-za-majki-i-tatkovci-koi-se-ubedeni-deka-se-loshi-roditeli-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg