Грицкање нокти, кажување пцости - Како да го одвикнете детето од најчестите лоши навики?
Грицкањето нокти, чепкањето на носот и повремените лаги се навики што можат да се појават кај секое дете.
Иако обично овие навики не претставуваат сериозен проблем, многу родители ги сметаат за лоши. А, и добро би било детето да се ослободи од нив додека е уште мало.
Доколку забележите некоја лоша навика кај вашето дете, погледнете како да се справите со неа:
Цицање на палецот
Најчесто ова е смирувачка активност со која децата ја намалуваат анксиозноста.
- Обидете се да го ограничите времето што детето го минува во цицање на палецот. На пример, кажете му дека може да го прави тоа само пред спиење, а не во јавност.
- Немојте гневно да му наредувате на детето да престане да го цица палецот. Наместо тоа, честитајте му или наградете го кога нема да го прави тоа.
- Разговарајте за проблемот. Прашајте го детето дали е свесно дека го става палецот во устата и помогнете му да ја замени навиката со друга релаксирачка активност.
- На креативен начин објаснете му на детето дека ова е лоша навика. На пример, кажете му дека Спајдермен, или кој било негов херој, не го прави тоа.
Премногу барања
Децата сакаат сè што ќе видат, па оваа навика е честа. Сепак, можете да се справите и со неа.
- Добро објаснете му на детето како учтиво да ви каже дека сака нешто. Притоа, објаснете му и дека не секогаш ќе го добие тоа што го сака.
- Бидејќи децата најдобро учат од пример, обиде се вие да ги намалите вашите барања.
- Имајте на ум дека кога детето плаче за нешто што го сака, тоа веројатно не е ни свесно за своето однесување. Во овие моменти не покажувајте гнев, туку кажете му дека има подобри начини да ви каже дека сака нешто.
Триење на забите
Оваа навика е позната како бруксизам и се јавува и кај децата, и кај возрасните.
- Бидејќи анксиозноста и стресот се најчестите причини за триење на забите, обидете се да разговарате со детето на ова тема. Откријте што му предизвикува стрес.
- Можете да го намалите триењето навечер со релаксирачки активности пред спиење, како купка, слушање тивка музика или читање интересна книга.
- Во ретки случаи, бруксизмот може да стане посериозно нарушување. Ако ситуацијата е ваква, најдобро е да се консултирате со лекар.
Грицкање нокти
Постојат безброј причини за грицкање нокти – стрес, здодевност или само обична навика.
- Обидете се да ја најдете причината за грицкањето нокти. Ако станува збор за стрес, помогнете му на детето да се справи со него.
- Помогнете му на детето да стане свесно за својата навика, односно укажете му кога ги грицка ноктите.
- Можете да понудите и креативна алтернатива. Ако вашата мала ќерка сака да ги грицка ноктите, лакирајте ѝ ги со убав лак. Во тој случај веројатно нема да сака да ги уништи своите нокти.
Чепкање на носот
И чепкањето на носот е честа појава кај децата, но има решение и за ова.
- Можеби вашето дете не е ни свесно дека го чепка носот, па секогаш кога го прави тоа кажете му и дајте му шамивче.
- Разговарајте за хигиената со вашето дете и објаснете му дека чепкањето на носот е нехигиенска навика.