Славни мажи кои се покажаа како одлични самохрани татковци
Рики Мартин
Во 2008-ма, кога беше сингл, Рики Мартин си ја исполни желбата да стане татко. Тој ги доби синовите Матео и Валентино од сурогат мајка.
Во 2018-та, пејачот ја доби и ќеркичката Лусија, повторно од сурогат мајка, но заедно со неговиот сопруг.
Антонио Бандерас
После разделбата со актерката Мелани Грифит, Антонио стана самохран татко на Стела дел Кармен.
Интересно е што двете деца на Мелани имаат одлична врска со актерот, иако тој веќе не е со нивната мајка.
Лиам Нисон
Британскиот актер стана самохран татко после страшна трагедија – во 2009-та, неговата сопруга Наташа Ричардсон загина. По нејзината смрт, Лиам самиот се грижеше за нивните две деца.
Подоцна, актерот се обиде да ѝ даде уште една шанса на љубовта, но врската беше неуспешна.
Лиам има изјавено дека сè уште не ја преболел смртта на сопругата.
Спирова С. | Црнобело