Славни мажи кои се покажаа како одлични самохрани татковци
Многу често се зборува за мајките и предизвиците со кои се соочуваат тие, но и татковците го заслужуваат истото признание.
Како што постојат самохрани мајки, постојат и самохрани татковци, кои даваат сè од себе за нивните деца да не ни почувствуваат дека имаат еден родител.
Многу славни мажи, поради разни причини, се самохрани татковци. А, некои од нив дефинитивно заслужуваат аплауз.
Погледнете ги славните мажи кои се покажаа како одлични самохрани татковци:
Кристијано Роналдо
Денес фудбалерот е во врска со моделот Џорџина Родригез, но еден период и тој беше самохран татко.
Првиот син на Роналдо, Кристијано Џуниор, беше роден од сурогат мајка, па фудбалерот самиот се грижеше за него.
Мајкл Џексон
Кралот на попот помина неколку години грижејќи се за неговите деца Принц и Парис. Во 1999-та, откако се раздели со Дебора, Мајкл го доби старателството над децата.
На погребот на пејачот во 2009-та, неговата ќерка Парис, која тогаш имаше 11 години, ги трогна сите со нејзините зборови:
„Тато беше најдобриот татко што можете да го замислите.“
Орландо Блум
Не е реткост да го видите Орландо како шета со неговиот мал син Флин како горд самохран татко.
Во 2013-та, актерот се раздели со мајката на Флин, моделот Миранда Кер, и си ја сфати улогата на татко навистина сериозно.