10 корисни совети што ќе им се најдат на сите родители
Обрнете внимание ако има промена во навиките за јадење кај новороденчето
Според експертите, новороденчињата обично јадат често. Веројатно и вие имате распоред за хранење на вашето малечко, па ако забележите дека тоа одбива да јаде во вообичаено време или јаде помалку од нормално, не го игнорирајте тоа.
Не мора да значи дека постои некој проблем, но ако забележите промени во исхраната, спиењето, плачењето и слично, најдобро консултирајте се со вашиот лекар.
Како да го смирите расплаканото бебе?
Понекогаш може да изгледа невозможно да го прекинете плачењето на вашето малечко. Ако детето не е гладно, ако сте му ја промениле пелената и ако е наспано, но сè уште плаче, можете да пробате некоја од овие техники:
- Нишајте го нежно во креветчето или во вашите раце.
- Пуштете тивка и релаксирачка музика.
- Прошетајте го во количка или во вашите раце.
- Возете го во автомобил.
Помогнете му да ја изгради самодовербата од најрана возраст
Некои експерти сметаат дека децата со поголема самодоверба се посреќни. На овој начин, полесно ќе се справуваат со притисокот од врсниците и подобро ќе ги прифаќаат своите недостатоци.
Истовремено, самодовербата ќе му помогне на детето да донесува и подобри одлуки.
За да го охрабрите детето и да му ја зголемите самодовербата, практикувајте ги следниве нешта:
- Давајте му обврски согласно неговата возраст. Не заборавајте да му се заблагодарите откако ќе ја заврши обврската.
- Минувајте повеќе време заедно. На овој начин детето ќе сфати дека е важно.
Понекогаш е подобро да го игнорирате хистеричното плачење
Викањето и плачењето на цел глас во продавница му е познато на секој родител. А, сигурно се прашувате како да се справите со оваа ситуација.
Некои експерти сметаат дека во овие случаи, подобро е да го игнорирате детето. Ако сте надвор, осигурете се дека детето е на безбедно место и оставете го да се исплаче. Кога ќе сфати дека со викање нема да ви го привлече вниманието, би требало да се смири.
Истовремено, кога излегувате можете да ја понесете омилената играчка на детето или нешто лично, со што ќе му го одвлечете вниманието во овие ситуации.
После заболекар организирајте некоја забавна активност
Одењето на заболекар е страшно и за возрасните, па замислете како се чувствуваат децата.
Токму поради ова, ако треба да одите на заболекар, после прегледот организирајте некоја забавна активност. Можете и да го прашате детето што ќе сака да прави после прегледот.
На овој начин ќе го намалите стравот од заболекари и ќе го научите детето на важноста на оралната хигиена.
Спирова С. | Црнобело