10 корисни совети што ќе им се најдат на сите родители
Иако детето сигурно е вашата најголема радост, понекогаш воопшто не е лесно да се справите со него.
Децата имаат безброј барања и потреби, а вашата задача како родител е да ги исполните речиси сите.
Со цел да си го олесните животот, но и да го научите детето на некои од најважните нешта, погледнете ги овие совети кои сигурно ќе ви се најдат:
Оставете го детето да спие со вас до 3-годишна возраст
Некои истражувања го покажале очигледното – бебето е најбезбедно кога спие со неговата мајка.
Во истражувањето биле проучувани 16 бебиња кои спиеле или во креветче, или до нивните мајки. Бебињата кои спиеле во креветче, без нивната мајка, покажале трипати поголемо ниво на стрес.
Според експертите, најдобро би било детето да спие со родителите до 3-годишна возраст. Сепак имајте на ум дека пред бебето да наполни 4 месеци, можеби не е безбедно да спиете со него. Па ако го држите во раце, обидете се да не заспиете.
Не терајте го детето да јаде повеќе
Ваша задача е на масата да ставите здрава храна и на тој начин нема да се грижите колку нездрава храна јаде детето.
Неретко родителите ги присилуваат децата да јадат бидејќи сметаат дека се гладни. Но, не треба никогаш да го притискате детето за храна.
Истото важи и за диети – не терајте го детето да држи никакви диети, особено без консултација со лекар. Само приготвувајте му здрава храна и самото нека одлучи што и колку од тоа ќе изеде.
Не грижете се ако детето не сака да го користи тоалетот или нокширот
Можеби едвај чекате да се ослободите од менувањето пелени, но детето ќе научи да оди во тоалет со свое темпо.
Наводно, не постои вистинската возраст на која треба да почнете да го одвикнувате детето од пелени. Тоа само треба да покаже интерес, а најчесто ова се случува помеѓу 2-рата и 4-тата година.
Дозволете му на детето да избира
Престрогите правила никогаш не се добра опција бидејќи дури и малото дете треба да учи да биде независно. Па, дозволете му на вашето малечко самото да одлучува за некои помали работи.
На пример, прашајте го што која блуза би сакало да ја носи или понудете му неколку предлози за вечера и само нека одбере што ќе јаде.
И детето треба да биде активно при лекарскиот преглед
Експертите сметаат дека детето само треба да знае да му даде некои информации на лекарот, како што го боли, колку го боли и слично
До 6-годишна возраст, детето би требало да може да ги одговара прашањата што ќе му ги постави лекарот. Па, кога ќе одите на преглед, дозволете му и на детето да учествува во вашиот разговор со лекарот. На овој начин ќе сфати дека тоа е одговорно за неговото здравје.