11 познати личности кои одлучија да посвојат дете
Мадона
Мадона има шест деца, од кои четири се посвоени од Малави.
Со цел да им покаже благодарност на своите деца, пејачката помогна во изградбата на болница во Малави.
Двете биолошки деца на Мадона се од нејзиното поранешно момче Карлос Леон и од поранешниот сопруг Гај Ричи.
Дениз Ричардс
Дениз има три деца, од кои едното ѝ е посвоено. Двете ќерки ги доби со актерот Чарли Шин, а третата ќерка ја посвои во 2011-та, кога беше сингл.
Лани актерката откри дека третата ќерка е со посебни потреби:
„Не знам дали Елоис некогаш ќе зборува како обично дете. Но, како родител, го сакате најдоброто за вашите деца и им го давате тоа.“
Шерон Стоун
Откако Шерон дозна дека веројатно никогаш нема да може да има деца, таа го посвои синот Роан. Подоцна, во 2005 и 2006, таа посвои уште две момчиња и ги одгледува како самохрана мајка.
„Отсекогаш сум мислела дека ќе посвојам. Дури и кога бев млада, истражував како можам да посвојам дете.“
Хју Џекмен
Хју Џекмен и неговата сопруга минаа низ два спонтани абортуси, па на крај решија да посвојат.
Сега тие ги имаат синот Оскар и ќерката Ава.
„Не ги гледам како посвоени, тие се наши деца. Деб и јас веруваме во судбина. Сметаме дека нештата се случиле онака како што треба. Посвојувањето е прекрасно нешто“, изјави актерот.
Џејми Ли Куртис
Откако Џејми и сопругот имале неколку неуспешни обиди за бременост, решиле да ги посвојат ќерката Ани и синот Томас.
„Посвојувањето е навистина комплициран пат, исполнет со многу емоции и предизвици“, изјави Џејми.
Шерил Кроу
Познатата пејачка е самохрана мајка на две момчиња.
Таа има изјавено дека ги посвоила не затоа што не може да има биолошки деца, туку затоа што сака да им помогне на децата.
„Би сакала самата да ја искусам бременоста… но сметав дека не треба на свет да донесам друго дете, само за да си ги задоволам потребите, кога веќе постојат толку многу деца на кои им е потребна мајка.“
Спирова С. | Црнобело