11 познати личности кои одлучија да посвојат дете
Сите знаеме дека во светот постојат премногу деца без родители. За среќа, постојат и многу луѓе кои сакаат да помогнат и да им дадат шанса за подобар живот на овие деца.
Помеѓу овие добри луѓе, има и многу славни личности кои одлучуваат да посвојат дете, и тоа не само затоа што не можат да имаат свое.
Голем дел од нив, едноставно, сакаат да го направат светот подобро место и да ѝ помогнат на барем една личност која останала без родители.
Погледнете ги славните чиј пример треба да го следат повеќе луѓе:
Шарлиз Терон
Познатата актерка е самохрана мајка на две деца. Нејзиното постаро дете се вика Џејсон, а Шарлиз го посвои во 2012-та. Во 2015-та, актерката посвои и девојче.
Лани Шарлиз изјави дека Џексон расте како трансродова личност и дека ја има целта нејзина поддршка:
„Мојата задача како родител е да ги славам и да ги сакам моите деца и да се осигурувам дека имаат сè што им е потребно за да станат личноста којашто сакаат да бидат. И, ќе направам сè што е во моја моќ за моите деца да го добијат тоа.“
Кетрин Хејгл
Кетрин, заедно со сопругот Џош Кели, има посвоено две девојчиња. Едното е од Јужна Кореја, а другото од САД.
Актерката има изјавено дека отсекогаш размислувала да посвои дете бидејќи најмногу од сè сакала да биде мајка:
„Сестра ми Мег е Корејка, а моите родители ја посвоија три години пред да се родам јас. Сакав моето семејство да наликува на она во коешто пораснав, па отсекогаш знаев дека сакам да посвојам дете од Кореја. Имаме размислувано и за биолошки деца, но одлучивме прво да посвоиме.“
Виола Дејвис
Виола и нејзиниот сопруг Џулиус Тенон станаа родители во 2011-та, кога ја посвоија ќерката Џенесис.
„Постојат многу начини да бидете мајка наместо бременост. На многу деца им требаат родители, а многу од нас сакаат да бидат мајки. Имајте на ум дека и вака ќе го искусите мајчинството многу добро“, изјави Виола за одлуката да посвои дете.
Сандра Булок
Сандра го посвои нејзиното прво дете уште во 2010-та, и тоа од Њу Орлеанс. Актерката има изјавено дека ураганот Катарина ја натерал да го направи тоа:
„Во Њу Орлеанс се појави ураганот Катарина и нешто ми рече дека моето дете е таму. Беше навистина чудно.“
Подоцна, во 2015-та, Сандра посвои уште едно дете – ќеркичката Лајла.
Дајен Китон
Дајен ја посвои ќерка си Декстер во 1996-та, дури откако наполни 50 години. Пет години подоцна, таа го посвои и синот Дјук, а и двете деца ги одгледа како самохрана мајка.
„Мајчинството ме промени целосно. Тоа е најубавото искуство што сум го имала.“