Во авион со 4 деца - Мајката советува: „Немојте да се грижите што ќе си помислат другите патници за вас“

Драги родители кои сте загрижени дали да патувате со деца со авион – ова е мојот совет како мајка која штотуку отпатува со 4 деца на лет кој траеше 13 часа од Виетнам до Бостон.

vo-avion-so-4-deca-nemojte-da-se-izvinuvate-na-drugite-patnici-nitu-pak-da-se-grizite-ako-trcaat-niz-avionot-01.jpg

Немојте да се грижите за никој друг, освен за тоа вашите деца и вие да бидете добро. Немојте да се грижите ако децата не сакаат да седат мирни. Ниту пак ако плачат. Или прават звуци кога се возбудени. 

Или ако трчаат постојано по патеката за поминување во авионот.

Немојте да се грижите ако вашето дете почне да го клоца седиштето пред вас.

Ниту пак ако постојано си игра пали-гаси со светлото.

Воопшто да не се грижите „што ќе речат и помислат другите за вас како родител“.

Грижете се вашите деца да бидат среќни. Да имаат чиста пелена. Грижете се за работите кои се во ваша контрола.

Децата не се роботи и не можете да им го контролирате секој потег, без разлика колку и да сте подготвени.

vo-avion-so-4-deca-nemojte-da-se-izvinuvate-na-drugite-patnici-nitu-pak-da-se-grizite-ako-trcaat-niz-avionot (1).jpg

Деца сe, и нормално е да се однесуваат како деца.

Глупавата идеја дека треба да се извинуваме на другите патници бидејќи патуваме со деца е навистина бизарна и смешна.

Секако, ова не значи да покажете непочитување. Да оставите ѓубре и хаос позади вас. Или да ги оставите да врескаат цел пат без да се обидете да ги смирите. Значи дека вие ќе направите сѐ што можете и сè што е во ваша моќ.

Толеранција и позитивен став – ова е најважно да го имате кога патувате со деца.

Патем, нашите деца не се однесуваа добро на овој 13 часовен лет. Не спиеја. Плачеа често. Беше пеколно бидејќи беа навистина исцрпени. Веројатно направивме 10.000 чекори низ авионот. Но, сега е готово и веќе заборавивме на другите патници од авионот.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg