3 реченици што не треба да им ги кажувате на вашите деца

Нема сомнение дека сите родители им посакуваат добро на своите деца. Поради оваа причина им посветуваат многу време, се грижат за нив, ги учат нови работи и се обидуваат да им дадат корисни совети.

3 recenici sto ne treba da im gi kazuvate na vasite deca 01

Постојат многу реченици што родителите им ги велат на своите деца, кои на почетокот изгледаат безопасни, но психолозите веруваат дека можат да бидат штетни за нивниот развој.

Ова се 3 реченици што не треба да им ги кажувате на вашите деца:

„Можеш да бидеш сѐ што ќе посакаш“

Поддршката на амбициите и интересите на вашето дете не е нужно лоша, дури и напротив, многу е корисна. Но, тоа не значи дека не треба да му кажете дека би било добро да има и резервен план, ако не успее неговиот првичен.

Не секој може да стане хирург, композитор, фудбалер или астронаут, колку и да сака да го постигне тоа. Задачата на родителите е да ги научат децата да бидат реални и да ги предупредат дека понекогаш ќе се соочат со разочарувања во животот.

Но, и да ги научат како да застанат на нозе после секој неуспех.

3 recenici sto ne treba da im gi kazuvate na vasite deca 02

„Јади брокула/карфиол/спанаќ. Здраво е“

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго откриле дека кога им кажуваме на децата дека треба да јадат зеленчук и друга здрава храна, затоа што е здрава, тоа создава илузија дека оваа храна мора да биде без вкус.

Поради оваа причина, подобро е да престанете да им ги кажувате овие работи на децата. Фокусирајте се на здравите својства на храната и ставете акцент на нивниот вкус.

Односно, многу подобро е да кажете: „Јади брокула/карфиол/спанаќ. Многу е вкусно“.

„Ист си како мајка ти/татко ти“

Нема ништо лошо во споредувањето на децата со нивните родители или блиски роднини, доколку се фалат некои од нивните позитивни квалитети. За жал, во пракса, ваквите реченици обично имаат негативна конотација.

Ова е лошо од многу причини. На пример, кога ќе ѝ кажете на вашата ќерка дека е иста како мајка ѝ, во исто време малтретирате две лица и го кршите авторитетот на вашата сопруга. Ова секако не е добро ако сакате вашите деца да бидат добро израснати.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg