8 работи на кои мајките породени со царски рез треба да внимаваат

Царскиот рез е операција по која на телото му треба време да се опорави.

8-raboti-na-koi-majkite-porodeni-so-carski-rez-treba-da-vnimavaat-001.jpg

Заздравувањето обично трае околу 6 недели, а во текот на тој период секоја жена треба да внимава што и како прави.

Односно, се препорачува да се избегнуваат 8 работи за полесно заздравување:

1. Во текот на првите 6 седмици по царскиот рез, избегнувајте да подигнувате било што потешко од новороденчето.

2. Пијте многу течности, за да го олесните регулирањето на столицата.

3. Избегнувајте да спиете на стомак, бидејќи притисокот може да го отежни заздравувањето.

4. Избегнувајте сексуални односи во текот на тие 6 недели додека заздравувате. Секој обид може да биде болен и непријатен. Вашиот гинеколог ќе ви каже кога вашата матка е вратена во нормала и можете да имате односи. 

5. Не би требало да вежбате барем првите 3 месеци. Сепак, најдобро би било да се консултирате со вашиот гинеколог кога би можеле да се вратите на физичките активности. 

6. Не ги игнорирајте болките проследени со покачена температура, тоа може да биде знак за инфекција.

7. Избегнувајте купки во када, преферирајте туширање со млака вода.

8. Избегнувајте бањање во јавни базени - би можеле лесно да „закачите“ инфекција.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg