Подмолни коментари, ненајавено доаѓање на гости - 7 знаци дека не сте посакувана свекрва

Давате подмолни коментари и го вртите синот против неговата сопруга? Не си ги знаете границите и се мешате во нивната приватност? Веројатно не сте свекрва од соништата...

podmolni-komentari-ne-pochituvate-privatnost-8-znaci-deka-ne-ste-posakuvana-svekrva-01.jpg

Дали се сметате себеси за свекрва која е добра и посакувана од синот и снаата? Мислите ли дека одржувате доволно контакт, но истовремено и дистанца од она што не е ваша работа?

Многу жени мислат дека имаат право да се мешаат во брачниот живот на нивните синови, но со тоа само си прават проблеми.

Секако дека мајката треба секогаш да е тука, да помогне и да даде некој совет, да помине време со блиските, но сепак мора да има одредени граници.

Ако се сомневате во себе, проверете дали сте добра свекрва.

Следниве знаци укажуваат дека не сте баш посакувана...

1. Изразувате дека нешто не ви се допаѓа со подмолни и дрски коментари. Ја критикувате снаата пред синот и го вртите против неа. 

2. Инсистирате дека секогаш сте во право и мислите дека синот и снаата секогаш треба да ве слушаат вас.

3. Давате непотребни совети и ги „труете“ младите со здодевни бабини деветини и на секоја нивна одлука имате ваше мислење. 

4. Ги критикувате двајцата за одредени навики, кажувате несоодветни шеги за снаата и ја критикувате пред останатите членови од семејството.

5. Ретко давате комплименти и речиси секогаш имате замерки – независно дали е ручекот од снаата, трошењето пари или други нивни одлуки и однесувања.

6. Љубоморна сте и не сакате синот секогаш да ја става сопругата на прво место пред вас. Покрај тоа, мислите и дека треба да се дружите со нив, па се лутите ако некаде не ве поканат...

7. Немате граници и не ја почитувате нивната приватност – одите на гости без најава, носите одлуки за нив без да ги прашате и слично.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рани знаци на аутизам кои родителите треба да ги знаат Ако бебето не покажува интерес кога му зборувате и ако до првиот роденден не про...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Кои знаци укажуваат дека детето што ја удрило главата има сериозни повреди, според поранешна докторк... Кога се мали, децата често не внимаваат, па често може да им се случи да паднат ...
Најопасните предмети што може да ги проголта мало дете (и кои се знаците дека мора да одите на лекар... Ако вашето дете проголта повеќе од еден магнет, тие може да се привлечат еден ко...
Знаци дека кон сопругот се однесувате како мајка, а не како сопруга (и како тоа се одразува врз инти... Се враќате од работа, трчате со полни торби за да зготвите и да исчистите, а соп...
Не си верувате себеси, бегате од одговорност – Знаци дека родителите премногу ве штителе во детствот... Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg