Видови врски помеѓу мајките и ќерките и нивното влијание подоцна во животот

Еднострана љубов

Оваа врска е слична на претходната, само што незаинтересираноста е еднострана.

Односно, или мајката или ќерката е загрижена само за себе. Притоа, се обидува да ја прикаже врската со мајката/ќерката како совршена, додека во реалноста воопшто не се грижи за неа.

Какво е влијанието врз ќерката?

Доколку мајката е онаа која е незаинтересирана, на ќерката веројатно ќе ѝ треба постојана потврда за чувствата на другите. Истовремено, можно е да развие и емоционална зависност.

Од друга страна, жената која пораснала со ваква мајка секогаш ќе им биде лојална на саканите и ќе им ја нуди својата поддршка.

Доколку ќерката е незаинтересираната, а мајката не се обиде да го промени тоа, девојчето најверојатно ќе порасне во себична личност.

vidovi-vrski-pomegju-majkite-i-kjerkite-i-nivnoto-vlijanie-podocna-vo-zhivotot-05.jpg

Отфрлање

Во овој случај, мајката како да ја отфрла својата ќерка. Ги игнорира нејзините успеси и не ѝ дава никакво признание.

Без разлика што ќе направи ќерката, мајката никогаш не е задоволна. Притоа, можно е да ѝ постави речиси недостижни цели на ќерка си.

Какво е влијанието врз ќерката?

Девојчињата кои пораснале со вакви мајки најчесто се сомневаат во себе и се чувствуваат невредно. Сметаат дека не го заслужуваат вниманието на другите и дека не заслужуваат ништо добро.

Истовремено, очајно им се потребни љубов и признание.

vidovi-vrski-pomegju-majkite-i-kjerkite-i-nivnoto-vlijanie-podocna-vo-zhivotot-06.jpg

Навивачка

Во овој случај, мајката е најверната навивачка на ќерка си. Таа посакува ќерка ѝ да го извлече најдоброто од животот и да проба сè.

Овие мајки се активно вклучени во животот на ќерката и како да не можат да постават никакви граници во нивниот однос.

Овие мајки заедно ги прославуваат успесите на ќерките, но им поставуваат и разни цели. Најчесто, ова потекнува од неисполнетите цели и соништа на мајката.

Какво е влијанието врз ќерката?

Со ваква мајка, девојчето може да го изгуби своето јас, па дури и да стане зависно од другите.

Голема е веројатноста дека секогаш ќе ѝ треба личност до неа и нема да може сама да донесува важни одлуки.

vidovi-vrski-pomegju-majkite-i-kjerkite-i-nivnoto-vlijanie-podocna-vo-zhivotot-07.jpg

Авторитет

Во оваа врска мајката сака да има преголема контрола и постојано управува со распоредот на ќерката.

Речиси и да не ѝ дозволува на ќерката сама да одлучи нешто, ниту пак го цени нејзиниот мислење.

Оваа мајка може да бара премногу, притоа велејќи дека го прави тоа за доброто на ќерката. Ќерката, пак, најверојатно ќе се бунтува, без разлика дали гласно или во себе.

Какво е влијанието врз ќерката?

Овој однос ќе направи девојчето да биде премногу строго кон себе. Истовремено, може да биде причина за ниска самодоверба, па дури и депресија.

Од друга страна, пак, овие девојки се претвораат во навистина одговорни возрасни кои целосно им се посветуваат на целите и саканите.

vidovi-vrski-pomegju-majkite-i-kjerkite-i-nivnoto-vlijanie-podocna-vo-zhivotot-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg