Видови врски помеѓу мајките и ќерките и нивното влијание подоцна во животот
Никој не може да одберe во кое семејство ќе биде роден. Но токму семејството е она што ги поставува темелите на нашата иднина и го оформува нашиот карактер.
Секој родител е различен и додека некои не можат да се поврзат со своите деца, некои се совршениот тим.
Можеби најинтересна е врската помеѓу мајката и ќерката, а нивниот однос може да спаѓа во една од неколку категории. Овој однос има големо влијание врз животот и иднината на ќерката.
Погледнете ги 7-те видови врски помеѓу мајките и ќерките и какво е нивното влијание подоцна во животот:
Сестри
Во овој случај, мајката и ќерката се еднакви и повеќе се однесуваат како сестри. Кај овој однос може да се појави и натпревар помеѓу мајката и ќерката, а мајката неретко се обидува да го „избегне“ мајчинството.
Можно е да настане и промена на улогите, кога ќерката е онаа што ја поддржува мајката и на некој начин ја презема нејзината „работа“.
Каквo е влијанието врз ќерката?
Ќерките кои пораснале со вакви мајки најчесто стануваат одговорни возрасни и одлични лидери.
Тие ги ценат границите што ги поставуваат другите, но истовремено може да се чувствуваат несакано, емоционално запоставено, па дури да развијат и страв од одбивање.
Најдобри пријателки
Оваа врска е изградена врз доверба. Во овој случај, мајката е првата личност кај која се обраќа ќерката доколку има некаков проблем или грижа.
Оваа мајка има голема улога во животот на ќерката, ја поддржува и секогаш е овде за неа. Во овој случај, мајката е најдобра пријателка, експерт за љубов, партнер за шопинг, па дури и „партнер за неволји“.
Какво е влијанието врз ќерката?
Жените со вакви мајки не се плашат од предизвици и често преземаат ризици.
Бидејќи се чувствуваат сакано и разбрано, немаат страв од одбивање и градат здрави врски.
Странци
Ако настојувате да ја исклучувате мајка ви од вашиот живот и не споделувате ништо со неа, вашиот однос најверојатно спаѓа во оваа категорија.
Во овој случај, мајката и ќерката не се вклучени во нивните животи и не ги споделуваат нивните мисли и грижи. На некој начин, тие едвај се познаваат.
Какво е влијанието врз ќерката?
Децата кои не биле воопшто блиски со родителите имаат поголеми шанси да развијат депресија или анксиозност. Истовремено, можно е да имаат и проблем со ниска самодоверба.
Ваквиот однос со мајката може да предизвика и проблеми со романтичните врски во иднина.
Истовремено, овие девојки се претвораат во независни и одговорни личности, најверојатно бидејќи уште во детството морале да научат да се грижат за себе.