Д-р Светомир Бојанин: „Не е природно мама и тато да им бидат другари на своите деца“
Во својата долгогодишна кариера, еден од омилените доктори во регионот, Светомир Бојанин, голем дел од неа ја посветил на проучувањето на социјалната психијатрија, а се занимавал и со психотерапија на институтот за ментално здравје.
Тој бил првиот што го вовел предметот невропсихологија и преобразба на психомоторната наука на Универзитетот во Белград, а го предавал предметот и на Факултетот за дефектологија.
Станува збор за исклучителен професионалец со огромно реноме, а еве што советува тој:
„Постојат разговори. Разговараме со некого за да откриеме нешто, да не да му ја наметнеме сопствената мудрост. Разговараме за да слушнеме нешто и да постигнеме рамнотежа помеѓу нашите хоризонти и да го набудуваме светот на другиот со којшто разговараме.
Затоа што разбирањето произлегува од љубов. Без разбирање – не постои љубов. Детето разбира многу работи кога и ние како родители за возврат го разбираме него. Ова е моментот кога започнува да се развива неговата љубов кон нас. Не е природно тато и мама да се дружат со своите деца“, вели доктор Бојанин, додавајќи:
„Децата имаат потреба од другарчиња, со нив сакаат да се валкаат на земјата, да играат фудбал. Имаат потреба и од учителка која ќе го научи на многу работи, начинот на којшто треба да се однесува. А ги има и мама и тато кои ги сака неизмерно, но чија љубов има и одредена смисла. Децата имаат потреба од авторитет.
Не авторитет во смисла на ќотек или шлаканица, туку авторитет на чесно и примерно воспитување. Да се биде природен значи да се обидете да дејствувате што е можно поблиску до односот помеѓу чесното и примерното однесување“.
Што мислите вие во врска со тврдењето на докторот, дали се согласувате? Дали сте му другар или пример за авторитет на вашето дете?
(О)Милена | Црнобело