Како да ги одржите пријателските односи откако ќе станете мајка?
Секоја мајка знае колку е тешко да се одржат врските со пријателките по раѓањето на детето.
Сепак, децата се огромна обврска и сигурно едвај имате време за себе, а не па за дружење.
Ако сметате дека поради мајчинството сте ги запоставиле пријателките, постојат решенија и за овој проблем.
Погледнете како да ги одржите пријателските врски, дури и ако сте единствената мајка во вашата група пријатели:
Не ги заборавајте достигнувањата на вашите пријателки
Основањето семејство е голем чекор. Ако сте мајка, дури тогаш ќе сфатите на што сè е способно вашето тело. Но, раѓањето дете не е единствената работа со која жените треба да се гордеат.
Токму поради тоа, осигурете се дека сте во тек со достигнувањата на вашите пријателки и заедно прославувајте ги нивните успеси.
Не плашете се да го оставите детето со некој друг, на пример баба му, за да го прославите роденденот на најдобрата пријателка. Истовремено, немојте да ја одбивате секоја покана за кафе, дури и ако имате само половина час слободно време.
Овие мали гестови ќе им покажат на пријателите дека се грижите за нив, а вие, пак, нема да се чувствувате изолирано.
Организирајте годишно патување само со пријателките
Нормално дека ако заминете настрана неколку денови ќе ви недостасува вашето малечко. Но оваа кратка разделба може да ви годи и вам, и на вашето дете.
Краткото патување со пријателите ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. Покрај тоа, ако од ова направите традиција, секогаш ќе имате нешто за коешто можете да се радувате.
Не заборавајте дека не одите во странство цел месец, туку само неколку денови. Вашето дете ќе биде во ред, а пријателките ќе ви бидат благодарни.
Најдете активности поволни и за вашите деца, и за вашите пријателки
Некои луѓе не сакаат деца. Некои, пак, сакаат, но не планираат да бидат родители.
Ако вашите пријателки сакаат деца, искористете го ова во ваша корист.
Најверојатно, и тие се возбудени за вашето малечко колку и вие, па слободно организирајте дружба погодна и за нив, и за вашето дете.
Можете да одите во парк, во зоолошка, на прошетка… опции има безброј.
Постојано поставувајте прашања
Едноставното прашање, како „Знаеш ли некој добар филм?“, дефинитивно ќе започне разговор со некоја ваша пријателка. На крај, можеби ќе одлучите и заедно да го изгледате филмот.
Не плашете се први да започнете разговор со пријателите. Прашајте ги како им поминал денот, што има ново, дали им е потребна помош…
Покажете им дека иако имате дете, имате време и за нив.
Обидете се да се дружите и со други мајки
Ако вие сте единствената од пријателките со дете, тогаш сигурно ви недостига дружба со друга мајка. А, голема е веројатноста да познавате барем една жена која станала мајка.
Сепак, потребен ви е разговор и за мајчинството, па добро би било да имате пријателка со која ќе споделувате совети и ќе си помагате.
Покрај тоа, на овој начин нема постојано да им зборувате на другите пријателки за вашето дете.
Бидете отворени и искрени за вашето искуство
Во ред е да им се пожалите на вашите пријателки, но многу жени се двоумат дали да се пожалат за мајчинството.
Колку и да го сакате вашето дете, факт е дека грижата за него може да биде тешка.
Не заборавајте дека овие жени се ваши пријателки. Знаат дека сте под стрес. Знаат дека сте изморени. Знаат дека и вам ви е потребна помош.
Не мора постојано да им кажувате колку е добро да се биде мајка. Слободно споделете што ве мачи. Тие сигурно ќе ве ислушаат, нема да ви судат и, најверојатно, ќе ви понудат и помош.
Спирова С. | Црнобело