Децата не велат „се чувствувам анксиозно“ – децата велат „ме боли стомакот“

„Мамо, стомакот ме боли“ – Ќерката ми го кажуваше ова секоја вечер, во исто време.

decata-ne-velat-se-cuvstvuvam-anksiozno-decata-velat-me-boli-stomakot-001.jpg

Цел ден се чувствува добро, но кога е време за во кревет и ги гасам светлата, стомакот почнува да ја боли.

Ноќта е време кога дечињата најчесто чувствуваат непријатност, што ние возрасните би ја карактеризирале како анксиозност.

Темно е, сами се и нема нешто интересно што ќе им го одвлече вниманието.

Со месеци работиме на тоа да ја победиме анксиозноста и знае дека нејзиниот стомак е само потсетник и дека всушност ништо не ја боли, туку само е загрижена.

Синот од друга страна пак, е загрижен и стомакот го боли секое утро, пред училиште. Има анксиозност од раздвоеност од дома и не сака да биде далеку од сите, сам.

Секако, наместо да ми го каже тоа, ми вели дека го боли стомакот.

Децата не велат „анксиозен сум“ – само велат дека чувствуваат болка во стомакот.

А, зошто токму стомакот?

Бидејќи навистина чувствуваат болка во овој предел.

Стомакот е „дом“ на нервниот систем и обично се смета за втор мозок. Сериозните нервози и грижи може да создадат непријатни чувства во него.

Се работи за еден магичен круг во кој анксиозноста создава болка во стомакот, а болката во стомакот создава уште поголема анксиозност и така постојано.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои како деца чувствувале болки во стомакот пред важен настан, се за 51% посклони на анксиозност кога ќе пораснат.

Па, многу е важно следен пат кога детето ќе ви се пожали дека го боли стомакот да не го обвините дека измислува, туку да седнете и да му помогнете.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“ „На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg