За што служат преклопите на бебешките бодиња?
Сите нови мајки уште пред да се породат, на големо се подготвуваат за бебето. Од пелени до облека, лекови, играчки, креветчиња, релаксатори...
Сигурни сме дека кога купувате бодиња, сте наишле на опција да се со копчиња или со преклопи. Добро е да имате и од двата модела.
Можеби оние кои се со преклопи на раменцата често ќе ве нервираат бидејќи знаат да бидат отворени повеќе кај делот во вратот, но се многу практични заради една причина.
Новороденчињата често знаат да се извалкаат и повеќе од планираното, да претече пелената и да треба да ги бањате.
Во вакви ситуации, бодињата со преклопи се многу практични, бидејќи едноставно може да се соблечат само надолу – не преку глава.
Кај малку поголемите дечиња, ќе ви се најдат практични кога „ќе ви се инатат“ и нема да дозволуваат да им облекувате облека преку глава.
Е. П. | Црнобело