Вистински приказни за луѓе кои ден-денес добронамерно кријат тајни од семејството
Веројатно нема човек што некогаш не ги излажал родителите, но овојпат се фокусираме на оние „бели лаги“, односно лаги или прикривање на вистината за нивно и наше добро.
Корисниците на Reddit си ја отворија душата и открија кои се тајните кои тие дури и ден-денес ги кријат од нивните родители.
Некои од нив ќе ве насмеат, а други ќе ве допрат длабоко:
Бев 5-то одделение. Не сакав да одам на училиште, па решив да се прошетам. Се облеков и го земав ранецот, се поздравив со родителите и се преправав дека одам на училиште, а тие беа веднаш зад мене подготвени да излезат. Се скрив доле и почекав малку за да си отидат, па се вратив дома. Влегов низ врата, а татко ми ме пречека пред телевизор со шорцеви и пиво во рака. Се погледавме неколку секунди, а потоа си рековме – „Ниту збор на мама“. Татко ми продолжи да си седи, а јас играв на компјутер. Ден денес ова е наша тајна.
Родителите активно ми бараа невеста и постојано ми праќаа фотки од убави девојки. Но, јас се оженив од љубов. Мајка ми ми побара да ја оставам мојата сакана, но не ја послушав. Никогаш нема да ѝ кажам дека по свадбата дознав дека мојата сопруга е ХИВ позитивна. Сега се третирам, но никој не знае за тоа.
Живеам заедно со мајка ми и помалиот брат. Мајка ми работи во кафуле и едвај заработува за достоен живот. Јас се вработив како слугинка за да ја поддржувам. Секојпат кога ќе ме праша од каде ми се парите, ја лажам дека се од школски донации за семејства со ниски примања. Мајка ми е многу среќна за овие „донации“.
Живеев во друг град и татко ми ми испраќаше пари секој месец за да изнајмам стан, за храна и други трошоци. Еднаш останав без пари порано, а татко ми не можеше да ми прати бидејќи беше викенд. На телефон му реков да не се грижи, дека имам пари. Не јадев ништо цел ден и потоа собирав весници кои ги продадов на собирач на отпад. Си купив нешто да јадам, а дури и дадов и пари на бездомничка. Татко ми никогаш не дозна за овој инцидент.
Моите родители не знаат дека – си легнувам по 3 наутро, знам да зборувам и пишувам на 6 јазици, знам 5 програмски јазици, практикант сум во 3 фирми, имам многу пари на сметката во банка, но не ги трошам за себе, туку ги чувам за иднината на мојата помала сестра. Ја сакам повеќе од сѐ на светот. Инаку имам 17 години и сум од Индија.
Моите роднини готват ужасно. Очигледно е дека не знаат баш што може да се измеша. Проблемот е во тоа што тие обожаваат да готват и се многу горди на своите специјалитети. Не можам да ги разочарам, не сакам да ги уништам, па си молчам.
Јас и сопругот се разведовме по 16 години брак и живееме одвоено веќе една година. Тој и моите родители го поминуваат секој Божиќ заедно, бидејќи немаме срце да им кажеме дека сме се развеле. Тие се стари, па не сакаме да ги вознемируваме.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com