„Ќе те земе полицаецот“- негативни последици од лажењето на децата

Едно неодамнешно истражување вели дека родителите не треба да користат дури ни безопасни или таканаречени бели лаги во процесот на едукација на нивните деца, затоа што на овој начин, на долг рок, тие негативно влијаат врз психолошкиот развој на детето. 

Negativni posledici na lazenjeto na decata 01

Кога родителите ги лажат (и им се закануваат) на децата дека ќе ги однесе полицаецот или злобната вештерка ако не се добри, во иднина овие деца ќе ги лажат другите луѓе околу нив.

Иако, заради брзината на ефектот, ваквите лаги служат за брзо решавање на проблемите, истото на долг рок негативно влијае на развојот на личноста на детето.

Проблемот со ваквиот однос на родителот се нејасните и неконзистентните пораки.

Кога родителите им кажуваат на децата дека е важно секогаш да ја кажуваат вистината, и дека не е добро да се лаже, а потоа со нивниот пример им покажуваат нешто сосема спротивно, испраќаат нејасна порака.

На овој начин поимот на вистината и моралот станува претерано флексибилен, а децата учат да постигнуваат цели во животот преку лаги и манипулации.

Истражувањата покажале дека не треба да ги лажеме децата, ако не сакаме и тие да лажат еден ден кога ќе пораснат, но резултатите, исто така, покажале дека децата на кои родителите често им кажувале лаги, во зрелоста имаат поголема психолошка и социјална дисфункција.

Negativni posledici na lazenjeto na decata 02

Постојат и некои ограничувања во истражувањето, како што е веродостојноста на ретроспективното сеќавање на лагите од детството.

Сепак, истражувачите велат дека може да биде корисно родителите да размислат пред да им кажат на своите деца наводно безопасна лага.

Секогаш е подобро родителите да ги препознаат емоциите и потребите на своето дете и да бидат разумни со нив.

Треба да се обидат да им објаснат зошто не треба да направат нешто или зошто можат или не можат да го направат во тој момент.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg