Зошто не треба со сила да ги терате децата да гушкаат и бакнуваат други луѓе?

Сценарио кое секој од нас барем еднаш го има искусено.

zoshto-ne-treba-so-sila-da-gi-terate-decata-da-gushkaat-i-baknuvaat-drugi-lugje-01 (1).jpg

Гостинот ја напушта куќата и вие го повикувате вашето дете да дојде и да се збогува.

„Ајде да ѝ кажеме „чао“ на тетка Марија“, кажувате.

Вашето дете се двоуми, повеќе од јасно е дека не сака, но вие навалувате да го стори тоа, по секоја цена.

Ако сепак детето одбие, се засрамувате и се чувствувате виновни. Тетка Марија исто така е засрамена, но не поради недобиената прегратка, туку затоа што ѝ станува незгодно.

Кога конечно ќе постигнете вашето дете да ја гушне, таа заминува и вие веднаш заборавате на целата „работа“ што некогаш се случила до следниот пат.

Веројатно размислувате: „Тоа е само една обична прегратка“, но верувајте дека грешите.

Тие не забораваат.

Помислете на пораката што ја испраќате со овој едноставен чин на принудување на вашето дете да прифати било каква злоупотреба, кога тој или таа не сака да го стори тоа.

Оставете ги да ја покажат љубовта според своите термини, да ги изразат своите чувства.

Помогнете им да сфатат дека ги цените нивните чувства. Научете ги дека имаат целосно право да кажат „не“.

Наместо да ги принудувате вашите деца да делат бакнежи и прегратки, обидете се да се придржувате до овие 5 совети:

1. Вашето дете заслужува опција

Ќе направиме со чичко Столе „да пукне?“, или можеби „Се обложувам дека тетка Кате би сакала бакнеж, но дали би сакал/а да ѝ дадеш?“

Најважното нешто што треба да го запаметите е дека треба да почитувате сè што тие ќе изберат.

Дозволете им самите да го направат тој избор.

2. Објаснете им на семејството и пријателите

Можеби е навистина „модерен концепт“ за вашата баба да му овозможи на детето да избере дали сака или не сака да гушне или бакне некого, но сепак тука се прашувате вие и само ВИЕ.

Ако таа инсистира, објаснете ѝ дека сакате вашето дете само да го направи тој избор и да одлучи.

Ако сте сигурни и љубезни во вашиот пристап, луѓето од вашата околина ќе го почитуваат она што го правите.

Ne-prinuduvajte-gi-vashite-deca-da-gushkaat-ili-baknuvaat-nekogo-ako-tie-toa-ne-go-sakaat 02 630x400.jpg

3. Зајакнување на почитта

Ова не е изговор за вашето дете да биде грубо. Бидете сигурни дека кога одбиваат, тие ќе го сторат тоа на многу културен и примерен начин.

Зајакнете го ова однесување со тоа што подоцна ќе им поделите пофалби.

Охрабрете ги возрасните со кои комуницираат да го почитуваат изборот на вашето дете и да се согласат со него.

Верувајте дека вашите деца ја чувствуваат блискоста со секој поединец и точно знаат колку љубов треба да покажат.

4. Разговарајте со нив за правото на избор

Седнете со нив пред  да се појави „проблем“ ситуацијата. Дајте им до знаење дека ќе го препуштите изборот на нив.

Овој разговор може да придонесе кон опуштањето на детето и самоволната желба за искажување на љубов, среќа и благодарност.

Отворениот дијалог од рани години ја зајакнува понатамошната врска и доверба.

Ne-prinuduvajte-gi-vashite-deca-da-gushkaat-ili-baknuvaat-nekogo-ako-tie-toa-ne-go-sakaat 03 630x400.jpg

5. Охрабрете го нивниот начин на искажување на љубовта

Вашето дете можеби има свој начин на покажување љубов. Можеби претпочитаат да дадат некој цртеж или да испеат песничка.

Охрабрете ги да ја искажат љубовта на свој начин и по свој временски распоред.

Ако ги принудуваме децата да покажат љубов дури и кога се чувствуваат непријатно, ги охрабруваме да ја игнорираат сопствената интуиција.

Ова може да доведе тие да се осеќаат измамено и искористено.

Оставете ги вашите деца сами да ја одберат својата наклонетост и самостојно да ја научат дефиницијата за најважното нешто на овој свет: љубовта.

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg