„ПМС е синдром на преморена мајка“ - Смешни лаги што родителите им ги кажуваат на децата
„Моите деца ми веруваа дека автомобилот нема да тргне сè додека сите патници не си ги врзат безбедносните појаси.“
„Мојот 12-годишен син ми рече дека ќе бегал од дома. Му реков дека ми е жал. Тој почна да се пакува и тогаш му кажав дека е нелегално да ги земе работите што не ги купил самиот. Тешко е да успеете сами само со неколку играчки и ЦД-а од Бритни Спирс.“
„Кога децата беа помали, мислеа дека безбедносните камери во продавниците се поставени од Дедо Мраз. Секогаш се однесуваа одлично кога одевме во продавница.“
„Еднаш син ми ме праша што означува ПМС. Му реков дека е синдром на преморена мајка.“
„Родителите ме лажеа дека сум најдобра во училиште.“
„Кога децата беа непослушни, им велев дека ќе дојде автомобил за непослушни деца и ќе ги земе. Ова правеше чуда, особено ако надвор минуваше полициски автомобил или брза помош.“
„Секое дете во Америка мора да игра бејзбол барем еднаш во животот.“
„Ѝ кажав на ќерка ми дека мора да ’пукне‘ со прстите за да се смени светлото на семафорот. Ми веруваше додека да наполни 7 години.“
„Кога внук ми имаше 3 години, јадеше само моркови. Па, му кажав дека и другите зеленчуци се морков, само со друга боја. Оттогаш почна да јаде сè.“
Спирова С. | Црнобело