„ПМС е синдром на преморена мајка“ - Смешни лаги што родителите им ги кажуваат на децата

Нема родител кој не го излажал своето дете за да си ја олесни ситуацијата.

postoi-aplikacija-shto-mi-kazhuva-dali-si-gi-izmil-zabite-smeshni-lagi-shto-roditelite-im-gi-kazhuvaat-na-decata-01.jpg

Децата имаат безброј прашања и уште повеќе барања, па нормално е одвреме-навреме да ја „искривите“ вистината за да ги избегнете главоболките.

А, родителите знаат да бидат навистина креативни кога станува збор за лагите што им ги кажуваат на нивните деца.

Во продолжение погледнете неколку смешни родителски лаги во кои децата навистина поверувале:

„Постои апликација што ми кажува дали навистина си ги измил забите.“

„Чизбругерот во McDonald’s го продаваат гризнат.“

postoi-aplikacija-shto-mi-kazhuva-dali-si-gi-izmil-zabite-smeshni-lagi-shto-roditelite-im-gi-kazhuvaat-na-decata-02.jpg

„Постои закон што им забранува на децата да седат на предното седиште во автомобил додека не наполнат 18 години.“

„Му кажав на син ми дека продавницата за миленици е зоолошка. Вака ми беше многу полесно, а одењето во продавницата е бесплатно. Ми веруваше повеќе од три години.“

postoi-aplikacija-shto-mi-kazhuva-dali-si-gi-izmil-zabite-smeshni-lagi-shto-roditelite-im-gi-kazhuvaat-na-decata-03.jpg

„Им кажав на децата дека симболот ѕвезда на телефонот е всушност снегулка и дека е директна линија до Дедо Мраз, преку која му кажувам дали се мирни.“

„Им кажавме на децата дека е расипан воланот, па затоа моравме да го одминеме McDonald’s.“

„Му кажав на син ми дека ликовите во Дизниленд се на пауза за тоалет, па не можеме да ги чекаме бидејќи ќе се задржат.“

postoi-aplikacija-shto-mi-kazhuva-dali-si-gi-izmil-zabite-smeshni-lagi-shto-roditelite-im-gi-kazhuvaat-na-decata-04.jpg

„Кога беа помали, на децата им кажувавме дека сладоледот во големата кутија е само за деца, а поскапиот сладолед во помала кутија е само за возрасни.“

„Ѝ кажав на ќерка ми дека лененото семе во лебот е всушност чоколадо. Ми веруваше повеќе од една година!“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg