„ПМС е синдром на преморена мајка“ - Смешни лаги што родителите им ги кажуваат на децата
Нема родител кој не го излажал своето дете за да си ја олесни ситуацијата.
Децата имаат безброј прашања и уште повеќе барања, па нормално е одвреме-навреме да ја „искривите“ вистината за да ги избегнете главоболките.
А, родителите знаат да бидат навистина креативни кога станува збор за лагите што им ги кажуваат на нивните деца.
Во продолжение погледнете неколку смешни родителски лаги во кои децата навистина поверувале:
„Постои апликација што ми кажува дали навистина си ги измил забите.“
„Чизбругерот во McDonald’s го продаваат гризнат.“
„Постои закон што им забранува на децата да седат на предното седиште во автомобил додека не наполнат 18 години.“
„Му кажав на син ми дека продавницата за миленици е зоолошка. Вака ми беше многу полесно, а одењето во продавницата е бесплатно. Ми веруваше повеќе од три години.“
„Им кажав на децата дека симболот ѕвезда на телефонот е всушност снегулка и дека е директна линија до Дедо Мраз, преку која му кажувам дали се мирни.“
„Им кажавме на децата дека е расипан воланот, па затоа моравме да го одминеме McDonald’s.“
„Му кажав на син ми дека ликовите во Дизниленд се на пауза за тоалет, па не можеме да ги чекаме бидејќи ќе се задржат.“
„Кога беа помали, на децата им кажувавме дека сладоледот во големата кутија е само за деца, а поскапиот сладолед во помала кутија е само за возрасни.“
„Ѝ кажав на ќерка ми дека лененото семе во лебот е всушност чоколадо. Ми веруваше повеќе од една година!“