5 совети како да им помогнете на вашите деца да спијат подобро
Сите ние знаеме дека спиењето е скапоцена работа - повеќето луѓе секојдневно даваат сѐ од себе за да добијат макар 7 до 9 часа мирен сон.
Но, што е со децата?
Да, набљудувањето на дете кое спие навистина претставува мирна и убава глетка, но сепак постојат деца кои можат да имаат исто толку проблеми со добивање на квалитетен сон како и возрасните.
Сонот не само што ги опоравува децата и ментално и физички за следниот ден, туку тој им дава можност и на нивниот ум и тело да се развиваат и затоа е толку критичен неговиот можен отпор.
Во продолжение ви наведуваме 5 различни начини на кои можете да им помогнете на вашите деца да се одморат подобро, а со тоа и самите вие:
1. Поставете рутина
Сите ги сакаме навиките, како возрасните, истото важи и за малите деца (па дури и бебињата).
Специфичен план за секоја вечер за тоа што ќе се прави пред спиење може да биде многу смирувачко и релаксирачко и ќе му помогне на вашето дете да научи што следува следно пред да се „лизне“ меѓу чаршафите.
Ова може да биде нешто навистина едноставно, како на пример топла бања после вечера, седење во лулка и читање на приказни, па дури и масажа со есенцијални масла што може да сигнализира смирувачка атмосфера и да доведе до полесно подготвување за кревет.
2. Исклучете ја електрониката
Почесто се смета за совет за возрасни кои се на компјутер или на телефон доцна во ноќта, но ова станува сѐ почесто и во детската пракса, па затоа запомнете: исклучувањето на ТВ или вашите смарт телефони неколку часа пред спиење е клучно за добар одмор.
3. Удобноста игра најголема улога
Околината за спиење е еден од најважните фактори кои можат да го отежнат мирот.
Една перница е сосема доволна, додека две до три може да бидат премногу за вашето малечко, а истото важи и за разни кадифени мечиња и играчки.
Осигурајте се дека ќебињата на креветот не му пречат на вашето дете и не му влеваат премногу топлина.
Во спротивно, вашето дете не ќе може да се врти и да ја најде својата вистинска положба, а исто така не ќе може да ја одржи правилната телесна температура.
Удобноста на душекот и перницата се нешто на кое треба да посветите најмногу внимание.
4. Точно време за легнување
Поставениот распоред за спиење никогаш не е лоша идеја, всушност може да помогне да се привлече циркадијанскиот ритам на вашето дете, создавајќи подобро преспани ноќи и ритуално спиење (дури и за време на викендите).
Малите деца треба да спијат 10 до 12 часа секоја вечер, така што планирањето на спиење на кое можете постојано да се придржувате, ќе ви помогне кон полесно заминување во кревет и исто така полесно расонување.
5. Мирни активности пред спиење
Трчање низ куќата пред заминување во кревет обично не завршува добро, а од друга страна, тоа ги прави децата побунтовни, кога станува збор за рутинското легнување.
Кога имате распоред на активности и точно определено време за спиење, обидете се тие активности да бидат мирни и релаксирани.
Читањето на приспивни приказни сѐ уште е број еден.
Мила М. | Црнобело