Како изгледаат децата на најубавите жени на денешницата?
Ејми Адамс и ќерка ѝ Авиана
Ејми се обидува да го скрие нејзиниот приватен живот, но не може да ја скрие и ќерката. Во 2015-та таа се венчаше со актерот Дарен Ле Гало, а заедно ја имаат 10-годишната ќерка Авиана.
Синот на Алисија Силверстон
Алисија беше во брак со пејачот Кристофер Џареки, но после 13 години се разделија. Заедно тие го имаат 8-годишниот син Беар Блу Џареки.
Марион Котијар и двете деца
Оскаровката Марион е во брак од 2007-ма година и е мајка на две деца – синот Марсел и ќерката Луиз.
Ќерката и синот на Рејчел Вајс
Рејчел зад себе има два брака. Од првиот го има синот Хенри, а од вториот брак, со Даниел Крег, доби ќеркичка.
Синовите на Гвен Стефани
Гвен имаше долга врска со гитаристот Гавин Росдaл, но се разделија во 2016-та. Заедно тие ги добија синовите Кингстон, Зума и Аполо.
Мелани Грифит и нејзините деца
Мелани е мајка на актерката Дакота Џонсон, која најдобро ни е позната по улогата во „50 Shades of Grey“. Таа е мајка и на уште едно девојче, Стела, а го има и синот Александар.
Синот и ќерката на Џулиeн Мур
Црвенокосата убавица има две деца – синот Кејлеб и ќерката Лив.
Спирова С. | Црнобело