Како изгледаат децата на најубавите жени на денешницата?
Познатите убавици се следени од папараците на секој чекор. А, штом ќе најават дека се бремени, заинтересираноста за нивниот приватен живот станува уште поголема.
Сепак, секој би сакал да знае дали децата на овие жени ќе ги наследат талентот и убавината на нивните мајки.
Во продолжение погледнете како изгледаат децата на најубавите жени на денешницата:
Хедер Локлир и нејзината ќерка Ава
Хедер долго време е во брак со гитаристот од Bon Jovi - Ричи Самбора. Заедно ја имаат ќерката Ава, која реши да ги следи чекорите на нејзината мајка. Таа се има појавено во неколку телевизиски серии и започна кариера како модел.
Лив Тајлер и нејзините три деца
Лив Тајлер не само што е успешна актерка, туку таа е и мајка на три деца. Лив имаше два брака – со музичарот Ројстон Ленгдон и со спортскиот агент Дејв Гарднер. Од двата брака, таа има три деца – синовите Мајло и Сејлор и ќерката Лулу.
Ќерката и синот на Сара Мишел Гелар
Во 2002-ра, Сара се венчаше со секс симболот од 90-тите, Фреди Принц Џуниор. Парот има две деца – ќерката Шарлот Грејс и синот Роки Џејмс.
Ен Хатавеј и нејзиниот син Џонатан
Ен Хатавеј имаше долга врска со дизајнерот на накит Адам Шулман. После 6 години, тие стапија во брак и го добија синот Џонатан.
Оливија Вајлд и нејзините деца
Оливија е во брак со нејзиниот колега Џејсон Судејкис. Парот има две деца – синот Отис и ќерката Дејзи.
Синот и ќерката на Алиша Милано
Алиса зад себе има два брака, а синот и ќерката ѝ се од вториот. Името на момчето е Мајло, а девојчето се вика Елизабет.