Каква мајка е Кејт Мидлтон според експертите за говорот на телото?
Досега веќе научивме сè за Кејт Мидлтон. Знаеме за нејзините студентски денови, но и сè до моментот кога прв пат стана мајка.
Иако војвотката има безброј обврски, таа е секогаш овде за нејзините деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Наводно, според Пети Вуд, експерт за говорот на телото, секојпат кога Кејт се појавува со нејзините деца, очигледно е дека тие ѝ се приоритет.
На пример, Кејт секогаш гледа кон своите деца. Наместо да им обрнува внимание на камерманите и репортерите, таа комуницира со нејзините деца.
Според Вуд, ова е јасно дека во тој момент, семејството ѝ е поважно од сè. Истовремено, на овој начин Кејт создава сеќавања, без разлика на околностите.
Кејт не дозволува вниманието од јавноста да влијае врз нејзините игри со децата. Очигледно, таа е забавна мајка и често можеме да забележиме како им прави разни гримаси на своите деца.
За подобро да ги гледа своите деца, Кејт неретко клекнува или се наведнува колку нив. На овој начин таа може да ја види среќата на нејзините деца, но и да забележи ако тие се чувствуваат исплашено, уморно и слично.
Кејт постојано ги набљудува нејзините деца за да се осигури дека се во ред.
Најчесто, кога е во јавноста со децата, Кејт држи барем едно од нив. На повеќето фотографии можете да забележите дека нејзините дланки се околу нозете на децата. Овој начин на прегрнување покажува дека Кејт им верува на своите деца и им дава простор за истражување.
Сите ја имаме видено Кејт како си игра, танцува, се смее и се прегрнува со своите деца. Важно е да се напомени дека ова однесување е всушност необично за луѓето кои се во центарот на вниманието.
Но, Кејт одново и одново докажува дека за неа најважни се децата. Секогаш ги третира како еднакви на себе, а истото го прави и принцот Вилијам.
Оваа фотографија најдобро го прикажува тоа – сите членови од семејството одат во иста линија. Децата никогаш не се зад Вилијам и Кејт и постои рамнотежа во семејството.
Спирова С. | Црнобело