6 начини да не претерувате со купување подароци на вашите деца

Јануари е месец на подароци, но тоа не значи дека треба да претераме со шопинг и да им купиме на децата сé што ќе посакаат.

6 nacini da ne preteruvate so kupuvanje na podaroci na vasite deca 01

Овие неколку совети што ќе ви помогнат вашите деца да не го загубат ентузијазмот, но и да го запомнат вистинското значење на Божиќ.

Ова се 6 начини да не претерувате со купување порароци за вашите деца:

1. Купете еден голем подарок

Штом децата ќе се научат на одреден број подароци, ќе станат повеќе захтевни и неблагодарни за работите што ги добиваат. На Божиќно утро ставете под елка еден голем подарок што го посакуваат децата.

2. Подарок со искуство

Подароците со искуство се паметат најдолго. Затоа дајте им на вашите деца билети за зоолошката градина, платете им членство во библиотека или нешто друго. Покажете им на децата дека искуствениот подарок е најдобриот подарок.

6 nacini da ne preteruvate so kupuvanje na podaroci na vasite deca 03

3. Побарајте ги бабите и дедовците да купат еден поскап подарок

Бабите и дедовците во повеќето случаи имаат длабока потреба да ги разгалат внуците. Договорете се со нив да им купат на децата само една работа што ја сакаат.

Вашата кредитна картичка ќе ви биде благодарна, децата ќе бидат среќни за подарокот што ќе го добијат, а бабите и дедовците ќе уживаат во насмевката на внуците. На овој начин сите победуваат.

4. Оставете подарок за роденден

Ако вашето дете добие подарок вишок, чувајте го на безбедно место и запишете кој го донел. Кога ќе му биде роденден на вашето дете, извадете го и предајте му го подарокот во име на таа личност.

6 nacini da ne preteruvate so kupuvanje na podaroci na vasite deca 02

5. Барајте ги вистинските работи од пријателите и роднините

Фокусирајте се на квалитетот на подарокот. Барајте подароци што ја зголемуваат креативноста, талентите или моторните вештини, како што се музички инструменти и бои за цртање. Децата сакаат да откриваат нови таленти. Тоа ја зајакнува нивната доверба и самодоверба.

6. Научете ги на благодарност

Научете ги децата да изберат еден подарок што го добиваат секоја година и да го донираат во локална болница за деца или сл. Научете ги да бидат благодарни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg