Грешки за кои родителите жалат најмногу
Секој родител го посакува најдоброто за своето дете.
Некои родители се обидуваат да му купат на своите деца што и да посакаат, некои се строги и ги учат децата на дисциплина, а некои им даваат слобода да прават што сакат.
Во сите случаи, родителите сметаат дека им прават добро на своите деца и дека ги подготвуваат за животот што ги очекува.
Но неретко, родителите прават и грешки што ги воочуваат многу доцна.
За да не ги повторите грешките на другите, погледнете за што најмногу зажалуваат родителите во врска со нивните деца:
Ја запоставиле комуникацијата со детето
За децата, комуникацијата со другите е клучна за нивниот развој. Но покрај нив, и родителите имаат корист од комуницирањето со нивните деца.
Нормално е да немате секогаш време и да му најдете занимација на детето додека имате работа. Но ако ова се претвори во навика, вашето дете ќе се оддалечи од вас и со текот на времето ќе ве исклучи од неговиот живот.
Обидете се да бидете блиски со детето, но не само физички. Секој ден одвојте барем половина час за разговор.
Не ги прегрнувале децата доволно често
Дури и науката ја има докажано важноста на прегратките за здравјето.
Секој родител ужива во детските прегратки, но поради разни причини, родителите го запоставуваат овој аспект од врската. Ако избегнувате да го прегрнувате вашето дете, кога ќе порасне, нема да добиете ниту една прегратка од него.
Не правеле доволно фотографии и видеа
Ако не го фотографирате вашето дете, тоа нема да има никаков влијание врз неговиот раст и развој. Но во иднина, сигурно ќе сакат да се присетите на убавите моменти.
Денес сите имаме камера во нашиот џеб, па немате изговор да не ги фотографирате значајните моменти од детството.
Не ги запишале првите зборови на детето
Кога детето ќе прозбори, тоа е важен момент за целото семејство.
И во овој случај, заборавањето на првите зборови нема да има лошо влијание, но многу родители подоцна зажалиле што не ги запишале.
Не играле креативни игри
Важно е да го поттикнете развојот на креативноста на вашето дете, а игрите се одличен начин да го направите тоа.
Истовремено, преку игрите со цртање, пишување и слично ќе откриете дали вашето дете има некој скриен талент, а ќе му помогнете и да си најде свое хоби.
Со овие игри вие ќе ја развиете и интелигенцијата и имагинацијата на детето, а ќе ја зајакнете и вашата врска.