Грешки за кои родителите жалат најмногу
Биле премногу строги
Едно е да му кажете на детето дека направило нешто лошо, но сосема друго е да го казнувате за секоја негова грешка.
Постои мит дека родителите со високи очекувања имаат поуспешни деца. Но во реалноста, ќе го добиете спротивниот ефект и покрај тоа што ќе го нарушите односот со детето, можете да му предизвикате проблеми со самодовербата и развојот.
Казнувајте ги и наградувајте ги вашите деца само за важните нешта. Лошата оценка по некој предмет не е крај на светот.
Не го земале предвид мислењето на децата
Сигурно и вие како мали сте слушале дека возрасните знаат најдобро или дека сте премногу млади да одлучувате за нешто. Размислете како сте се чувствувале кога ви го кажувале ова.
Ако го занемарувате мислењето на вашето дете, тоа речиси сигурно ќе има проблеми со самодовербата.
Дозволете му на детето да го искажува своето мислење. Подобро да дискутирате за она што го сака, наместо целосно да го игнорирате.
Не ги правеле децата доволно среќни
Убавите сеќавања од детството се највредното нешто што никој не може да ви го „украде“.
Децата кои растат во здраво опкружување и имаат многу нови искуства, активно се развиваат. Среќните деца полесно се приспособуваат во светот на возрасните и градат подобри врски со другите.
Па, дајте сè од себе за вашето дете да биде вистински среќно.
Често слушале туѓи совети
Постојат луѓе кои многу сакаат да даваат совети, без разлика дали треба да го прават тоа.
Веројатно и вие сте се соочиле со многу „експерти“ кои мислеле дека знаат што е најдобро за вашето дете. Но, само вие можете да го знаете тоа, па престанете да ги слушате другите.
Истовремено, никогаш не им дозволувајте на странците да ги дисциплинираат вашите деца.
Не биле присутни за најважните моменти во животот на децата
Можеби за вас не е нешто важно, но децата знаат кога сте биле присутни, а кога не.
Во најубавите моменти, децата сакаат да се со личностите што им значат најмногу – нивното семејство. Па дури и да мислите дека имате разумна причина да не присуствувате на роденденот на вашето дете, помислете како ќе се чувствува тоа.
Секогаш бидете дел од важните животни настани на вашите деца.
Спирова С. | Црнобело