Девојчето со ангелска убавина - Зошто ни се чини дека е неверојатно несреќно?
Ајра Браун станала популарна кога имала само 2 годинки.
Случајно дошла до несесерот на мајка ѝ и се обидела да се нашминка.
На нејзината мајка ѝ се чинело симпатично, па почнала да ја турка ќеркичката во светот на малите модели.
Родителите на девојчето почнале да ги продаваат фотографиите на разни агенции. Јавноста тогаш згрозено реагираше дека девојчето е премало за да биде јавно експонирано и притоа нашминкано.
Ајра имала само 2 години кога стекнала светска слава. Со својата руса коса, слатки образи и блескаво сини очи почнала да добива комплименти за нејзината ангелска убавина.
Како би изгледала „уште поубаво,“ родителите ја носеле во солариум, на многу козметички процедури, ја шминкале по цел ден...
Мала Ајра сакала да се пресоблекува, но како би знаела дека тоа ќе стане нејзина најголема обврска?
Набрзо, овој сон ѝ досадил, како и на секое дете. За жал, сега има 9 години и не може да престане да се фотографира. Дури играла и во неколку филмови, но во нејзината појава веќе нема ништо детско, разиграно и интересно.
Многумина веруваат дека е приморана да се експонира, бидејќи нејзините родители имаат болни амбиции преку кои заработуваат од својата ќерка.
Фотографиите на кои Ајра не се смее се многу чести и тоа е сериозен доказ за оваа теорија: