Медитација во училиште - Зошто е добро да се воведе?
Медитацијата е целосна концентрација во сегашниот момент, насочена кон самоостварување на тоа да станеме свесни за себе, да знаеме што всушност сме, начин да се одвоиме од светот и она што светот сака да бидеме, да се пронајдеме...
Кога медитацијата би станала предмет на изучување во училиштата, децата би биле во состојба да бидат вистински автентични, да растат без маски, да се развиваат онакви какви што се, а не онака како што општеството им налага.
Свесноста за себе е најдобриот начин да научите да не се вклопувате во просекот, поради што е важно да се медитира од рана возраст, во училиште и да сфатите што ве фасцинира, што вистински сакате, а што не.
„Кога секој 8-годишник би изучувал и практикувал медитација, би можеле да го елиминираме насилството во светот преку генерациите.“
Неколку клинички истражувања докажаа дека медитацијата ја подобрува работата на мозокот, го штити организмот од болестите и значајно ја подобрува концентрацијата.
Исто така, медитацијата во училиште од рана возраст ја намалува депресивноста и изложеноста на стрес.
Важно е децата да станат свесни за себе, да живеат во мир и склад со другите, но пред сè со себе.
Како медитацијата влијае на дечињата кои ја практикуваат?
- Ја подобрува интелигенцијата и креативноста.
- Го намалува стресот во училиште.
- Ја намалува поспаноста.
- Ја подобрува меморијата.
- Го олеснува учењето на нови концепти.
- Го подобрува општото однесување на ученикот.
- Подобро меѓусебно разбирање на децата.
- Поголема самодоверба.
- Повеќе енергија.
- Постабилен морал и помалку прекршоци.
- Подобрување на физичкото здравје.
М. Д. | Црнобело