Мудри правила и совети од родителите што треба да им ги пренесете на вашите деца
Преземајте одговорност за вашите грешки
Ако им кажете на децата дека ќе бидат казнети доколку направат нешто лошо, држете се до тоа.
Понекогаш мора да бидете строги и важно е да го научите детето да презема одговорност за неговите грешки. Тоа мора да знае да се справи со последиците од неговите постапки.
Семејната вечера е важна
Факт е дека денес семејствата ретко се собираат за заеднички оброк. Но, токму овие собири се важни за зајакнување на семејните врски.
Покрај тоа, на овој начин ќе го охрабрите детето да се храни здраво, но и ќе научи како треба да се однесува на маса.
Почитувајте ги родителите
Сигурно ви се случило родителите да ви забранат нешто, а да не ви дадат некоја причина за тоа.
Можеби ова сте го гледале како нефер третман, но родителите треба да бидат авторитет за децата.
Детето треба да е свесно дека нема секогаш да добие сè што ќе посака и нема секогаш да има причина за тоа.
Домашните обврски се за сите
Не треба да го терате вашето дете само да учи и да не прави ништо друго.
Децата треба да се вклучуваат во домашните обврски и навреме да научат за одговорноста. Ова ќе им помогне да станат независни личности.
Не пребирајте кога станува збор за храна
Освен ако вашето дете нема алергии, добро би било да го научите да јаде сè. На овој начин ќе развиете здрави навики за исхрана уште од најрана возраст.
Кога ќе направите ручек дома, немојте секогаш да му дозволувате на детето да пребира.
Истовремено, можете да ги вклучите децата во процесот на готвење, бидејќи готвењето е вештина што треба да ја поседува секој.
Спирова С. | Црнобело