Мудри правила и совети од родителите што треба да им ги пренесете на вашите деца
Кога ќе станете родител, сигурно ќе почнете да сфаќате дека вашите мајка и татко биле во право за многу нешта.
А, сигурно почнувате и да ги применувате нивните совети и мудрости.
Во продолжение погледнете некои од „правилата“ на вашите родители што во детството сигурно не ви изгледале фер, но се важни за детскиот развој:
Секогаш бидете учтиви
Кога сакате некој да ви направи услуга, подобро е да бидете учтиви и да зборувате со почит, наместо да поставите премногу барања.
Научете ги вашите деца да покажат и благодарност кога некој ќе се согласи да им помогне. Истовремено, кажете им дека кога сакаат нешто, без разлика дали од родителите или некој надвор од семејството, никогаш не треба да го бараат тоа по секоја цена.
Научете ја вредноста на парите
Кога децата добиваат сè што сакаат, тие стануваат разгалени и секогаш ќе очекуваат многу.
Уште од најрана возраст децата треба да ја знаат вредноста на парите. Треба да знаат дека нивните родители ги заработиле парите со труд, па поради тоа е важно да се однесуваат одговорно со нив.
Научете ги вашите деца да штедат, па дури и сами да управуваат со џепарлакот што им го давате.
Искористете ги сите предности од образованието
Образованието е важно за целите на детето. Без разлика дали планира да се запише на факултет или не, научете го детето да си ги завршува училишните обврски.
Тоа треба само да си ја пишува домашната, да биде послушно на час, а кога ќе добие лоша оценка, научете го да преземе одговорност за тоа.
Секогаш покажувајте благодарност
Важно е да им покажете на саканите дека се грижите за нив, па научете ги децата да бидат благодарни.
Кажете им и дека кога луѓето знаат дека ќе ја цените нивната помош, поголема е веројатноста да ви направат услуга.
Сите прават грешки, но токму од грешките се учи
Сосема е во ред да направите грешка. Најважното нешто што треба да им го кажете на децата е дека токму од грешките се учи.
Не треба постојано да ги заштитувате децата и дозволете им да погрешат и да си ја научат лекцијата.