Драги сине, ти нема да се сеќаваш, но јас ќе памтам сè!

dragi-sine-ti-nema-da-se-sekjavas-no-jas-ke-pamtam-se-01.jpg

Драги сине, 

Ти нема да се сеќаваш на онаа ноќ кога лежев сама во болница, со најстрашните и воедно најубавите болки. Кога гледав во месечината и тивко си шепотев во себе: „Го можеме ние ова!“

Ти нема да се сеќаваш како ме погледна само неколку секунди откако дојде на овој свет, кога те ставија на моите гради и кога збунето ти шепнав на уво „Еј, душо моја“.

Нема да се сеќаваш како во тој момент, како со магично стапче, го излечи мојот скршен дух, го излечи моето срце и во потполност го исполни мојот живот. Бев потполно скршена пред да се родиш, а ти ме состави повторно.

Нема да се сеќаваш како секогаш гордо те гледав, каде и да одевме. Секогаш беше најубаво дете во просторијата. Секогаш и секаде.

Нема да се сеќаваш како твоите „глупости“ секогаш ме смееја, а уште кога беше бебе сфатив дека ти си дете со големо срце.

Нема да се сеќаваш како ти ја чешлав и галев косата, како ти ја тргав од твоите очиња. Без ниту еден збор, нашите души се допираа и го кажуваа она што ниту едни зборови на светот не можат да го кажат.

Нема да се сеќаваш ниту на бескрајните игри кои ги сакавме најмногу, ниту на тоа како секогаш гледав да те измамам за да те држам поблиску до себе и да те гушкам и бакнувам.

Нема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога си легнував во страв. Страв од мајчинството. Дали сум доволно добра? Колку пати до сега згрешив? Дали воопшто можам да бидам мајка каква што ти заслужуваш?

Нема да се сеќаваш како и колку пати срцево ми се има распаднато и составено со секоја твоја промена во развојот. Колку брзо времето минува, бев пресреќна кога гледав дека растеш и се развиваш во прекрасна личност.

Нема да се сеќаваш како ги држам твоите мали стапалца во раце, свесна дека еден ден ќе пораснат, ќе станат поголеми од моите и ќе морам да ги пуштам да заминат.

Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе памтам сè.

Ќе те чувам во спомените и срцето, доволно силно за двајцата.

Извор

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg