Зошто не треба да ги бакнувате децата во уста?
Поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам, неодамна ја бакнал својата ќерка Харпер во уста, а истото го прави и неговата сопруга, Викторија. Се чини дека за нив ова е нешто вообичаено, но истото предизвика жестока дебата во јавноста.
Дали е бакнување во уста прифатливо за децата?
Иако лекарите велат дека децата треба да се чувствуваат сакано и безбедно во семејната средина, бакнувањето во уста не е најдобриот начин за изразување на родителска љубов. Зошто?
Може да го избрише разбирањето на детето за личните граници
Усните и устата се лични граници на телото на детето. Кога го бакнувате детето со усните, му покажувате дека неговата граница на телото е отворена и дека некој може лесно да ја нападне неговата територија.
Ова, исто така, вклучува и принудно хранење и дозволување на други видови агресивно однесување. Така, „инвазивните“ родители можат да го зголемат ризикот нивното дете да развие „синдром на жртва“ со неможност да каже „не“, и да не научи да управува со своите лични граници.
Не е хигиенски
Лекарите, особено стоматолозите, предупредуваат дека во устата живеат многу бактерии кои можеби не ги заразуваат возрасните, но лесно можат да им се пренесат на децата и да им предизвикаат голема штета.
Бидејќи децата имаат послаб имунолошки систем, можат да соберат опасни инфекции кои се пренесуваат преку плунката.
Детето може да започне да ги бакнува другите во уста како израз на сочувство
Детето може да започне да се однесува на ист начин како што научило дома, но надвор од кругот на семејството, така што може да започне да ги бакнува другите деца или возрасни во уста, како начин на изразување на сочувство и симпатија.
Дури и да се работи за невин родителски гест, децата учат преку имитација, без да ја разберат интимната импликација на гестот. Поради ова, подобро е детето да го бакнувате само во образ или чело.
Ашера | Црнобело