Сѐ уште немаш деца? - Колку ги повредувате жените со недоличните прашања и коментари?

Понекогаш, ако не знаете што да кажете, најдобро е да молчите. Особено кога станува збор за чувствителни теми.

prikazni-shto-pokazhuvaat-kolku-gi-povreduvate-zhenite-so-nedolichnite-prashanja-i-komentari-01.jpg

Надира Ангејл е терапевт и соработува со бремени жени и нови мајки. Таа често се соочувала со луѓе кои воопшто не сфаќале колку е лична и приватна одлуката да се роди дете.

„Постојат многу фактори кои се земаат предвид кога жената сака да bиде мајка. Но повеќето луѓе не размислуваат кога поставуваат прашања во врска со тоа.“

Сакајќи да им покаже на сите зошто не треба да се мешаат во одлуките на жените за имањето деца, таа споделила три приказни за три измислени жени:

30-годишна жена без деца

Луѓето ја прашуваат дали сè уште нема деца. Нејзиниот одговор е различен секој ден, но обично одговара со насмевка и „Не, уште не.“ Потоа ѝ велат да не чека бидејќи времето минува. Мудрецот што ѝ го вели ова среќно си заминува, а жената се насмевнува. Но кога е сама, плаче.

Плаче бидејќи беше бремена 4 пати и сите бремености беа неуспешни. Плаче бидејќи се обидува да има дете уште од првата брачна ноќ, пред 5 години. Плаче бидејќи нејзиниот сопруг има поранешна жена што му дала деца. Плаче бидејќи неколкупати пробала ин витро и сè уште нема деца.

Плаче бидејќи сопругот се обвинува себеси, а таа вина го прави неподнослив. Плаче бидејќи сите нејзини сестри имаат деца. Плаче бидејќи нејзините сестри не ни сакаа да имаат деца.

Плаче бидејќи нејзината најдобра пријателка е бремена. Плаче бидејќи мајка ѝ ја прашува што чека. Плаче бидејќи свекорот и свекрвата сакаат внуци.

Плаче бидејќи веќе има одбрано имиња. Плаче бидејќи има празна соба во нејзината куќа. Плаче бидејќи сопругот би бил одличен татко. Плаче бидејќи би била одлична мајка, но не е.

prikazni-shto-pokazhuvaat-kolku-gi-povreduvate-zhenite-so-nedolichnite-prashanja-i-komentari-02.jpg

34-годишна жена со 5 деца

Луѓето ѝ велат дека после 5 деца, сигурно планира да престане да раѓа. Потоа се смеат, бидејќи овие коментари се смешни.

И таа се смее, но не искрено. Ја менува темата и се обидува да го заборави непочитувањето.

Но кога е сама, плаче. Плаче бидејќи повторно е бремена и смета дека треба да ја крие својата радост.

Плаче бидејќи отсекогаш сакала големо семејство и не сфаќа зошто на луѓето им пречи тоа. Плаче бидејќи немала браќа и сестри и се чувствувала осамено. Баба ѝ имала 12 браќа и сестри и како мала сакала да биде токму како неа.

Плаче бидејќи не може да си го замисли животот без децата, но луѓето се однесуваат како тие да се казна.

Плаче бидејќи таа и сопругот можат да го издржат семејството, но како на никој да не му е грижа за тоа. Плаче бидејќи мислат дека е неодговорна.

Плаче бидејќи понекогаш се сомнева во себе и се прашува дали навистина требало да престане после второто дете. Плаче бидејќи луѓето се неучтиви. Плаче бидејќи само сака да биде оставена на мир.

prikazni-shto-pokazhuvaat-kolku-gi-povreduvate-zhenite-so-nedolichnite-prashanja-i-komentari-03.jpg

40-годишна жена со едно дете

Луѓето ја прашуваат зошто има само едно дете. Таа им вели дека е среќна со едно – одговор што го вежбала безброј пати.

Речиси секој ѝ верува. Никој не би помислил дека кога е сама, таа плаче.

Плаче бидејќи едната бременост беше чудо. Плаче бидејќи нејзиниот син сака братче или сестриче. Плаче бидејќи отсекогаш сакала барем 3 деца.

Нејзината бременост беше прекината за да ѝ го спасат животот. Плаче бидејќи докторот ѝ рече дека е ризично. Плаче бидејќи ѝ е тешко да се справи и со едното дете што го има.

Плаче бидејќи нејзиниот сопруг почина и таа никогаш не најде нова љубов. Плаче бидејќи постпородилната депресија беше интензивна. Плаче бидејќи мораше да има хистеректомија. Плаче бидејќи сака уште едно дете, но не може да го има.

prikazni-shto-pokazhuvaat-kolku-gi-povreduvate-zhenite-so-nedolichnite-prashanja-i-komentari-04.jpg

Поуката на Надира е дека овие жени се насекаде. Тие се наши сосетки, пријателки, сестри, колешки, братучеди… Тие немаат потреба од нашите совети и мислења. Нивните тела се само нивни, па треба да го почитуваме тоа.

Доколку се најдете во ситуација да ви постават вакво лично и непријатно прашање, бидете директни и кажете дека прашањето е неучтиво.

Доколку сепак не можете да кажете нешто такво, зборувајте што е можно помалку за таа тема, и потоа променете ја. Никому не должите објаснување за вашите одлуки како мајка. 

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg