Зошто децата не треба постојано да бидат на чување кај баба и дедо?
Навистина е одлично кога бабата и дедото на вашето дете можат да ви помогнат.
Кога треба да го оставите детето со некој, бабата и дедото се секогаш најдобриот избор. Сепак, не би било добро вашето дете постојано да биде со неговите баба и дедо, бидејќи од ова има и некои негативни последици.
Се разбира, ова не значи дека треба да им забраните на бабата и дедото да го гледаат нивното внуче. Едноставно, добро би било да знаете кои се последиците ако детето е постојано со бабата и детето, за да можете навреме да ги спречите.
Детето може да стане непослушно
Бабите и дедовците се секогаш потрпеливи со внуците. Неретко тие им попуштаат многу повеќе и им дозволуваат да прават работи што родителите би ги забраниле.
Иако тие го прават ова од љубов, кога на детето нема да му се постават граници, тоа може да стане непослушно.
Па, советувајте ги бабата и дедото одвреме-навреме да бидат построги со вашето дете.
Детето може да чувствува анксиозност од родителите
Ако бабите и дедовците им дозволуваат на децата сè, кога родителите ќе забранат нешто, тие изгледаат како „негативци“.
Понекогаш, пак, родителите можат да почувствуваат љубомора ако детето повеќе сака да минува време со бабата и дедото. Во овој случај, тие ќе се обидуваат да го „придобијат“ нивното дете, а ова, пак, може да биде стресно и збунувачко искуство за детето.
Детето може да се соочи со недостаток од физичка активност
Децата се полни со енергија и мораат да се движат за да бидат здрави. Но, бабите и дедовците не се во најдобра физичка форма, па нема да можат да ја следат енергичната игра на детето.
Поради ова, ако детето е постојано со баба му или дедо му може да се соочи со недостаток од физичка активност.
Детето може да почне да јаде прекумерно
Сите знаеме дека храната на баба е најдобра. А, бабите секогаш ги тераат внуците за каснат некој залак плус. Но, понекогаш ова може да биде проблем.
Некои истражувања покажале дека децата можат да имаат проблеми со дебелина ако бабата и дедото постојано им даваат храна.
Иако нивната намера е најдобра, подобро замолете ги бабата и дедото да не му даваат премногу храна на детето.
Детето може да има проблеми со развојот на социјалните вештини
Децата мораат да се дружат и со други деца за да го стимулираат развојот на социјалните вештини.
Ако целото време го минуваат со бабата и дедото наместо со врсниците, овој развој може да забави.
Затоа најдобро е секој ден да го оставате детето да си игра и со други деца.
Спирова С. | Црнобело