Работи што никој нема да ви ги каже кога планирате второ дете

Ако имате дете, сигурно знаете дека во првите неколку месеци, па и години, ситуацијата е навистина стресна и напорна.

raboti-shto-nikoj-nema-da-vi-gi-kazhe-za-odgleduvanjeto-vtoro-dete-01.jpg

А доколку се одлучите за второ, веројатно мислите дека нештата ќе бидат исти и дека овојпат сте навистина подготвени.

Но, постојат неколку работи што никој нема да ви ги каже кога планирате второ дете:

Само мислите дека знаете што ве чека

Сите знаат дека пристигнувањето на првото дете во семејството е важен настан. Доколку веќе имате едно дете, сигурно сте ги исчитале сите книги што ви дошле при рака, сте ги слушале советите на сите и сте ги следеле сите правила.

А откако ќе го поминете сето ова, веројатно претпоставувате дека знаете што ќе ве чека и вториот пат.

Мислите дека можеби второто дете ќе биде поголемо, погласно и поскапо, но воглавно, нештата ќе бидат исти.

Но, родителите со второ дете неретко се чувствуваат преморено, имаат депресивни епизоди, па дури и средовечни кризи. Проблемот е што ретко го поврзуваат ова со нивното второ дете.

Сепак, изгледа дека грижата за второто дете може да биде многу поголем предизвик.

raboti-shto-nikoj-nema-da-vi-gi-kazhe-za-odgleduvanjeto-vtoro-dete-02.jpg

Помалку време, повеќе притисок

Ова е нешто за коешто ретко се зборува.

Кога ќе го добиете првото дете, можете да му го посветите целото време на светот. Но, кога ќе пристигне и второто, одеднаш треба да се грижите за две мали личности. Ова значи дека имате многу помалку време, но многу повеќе притисок. Покрај тоа, многу родители ќе ви кажат дека најдобро е да заборавите на одморот.

Второто, третото и сите наредни деца не им даваат нова улога на родителите, туку само им ги зголемува досегашните обврски. Како резултат, физичкото и менталното здравје на родителите страда.

Ова е особено изразено кај жени кои се во брак во кој и двајцата партнери сакаат да работат.

raboti-shto-nikoj-nema-da-vi-gi-kazhe-za-odgleduvanjeto-vtoro-dete-03.jpg

Што мислат родителите?

Секој родител со две деца ќе ви каже дека неизмерно ги сака и двете. Но, поголемиот дел од нив ќе кажат дека целото искуство било тешко, а понекогаш страда дури и врската со партнерот.

Речиси сите, и мајките и татковците, сметаат дека не се добри родители и чувствуваат вина бидејќи сметаат дека го запоставуваат првото дете.

Уште полошо е што ретко кога родителите зборуваат за ова, понекогаш бидејќи немаат време, а понекогаш поради чувството на вина.

raboti-shto-nikoj-nema-da-vi-gi-kazhe-za-odgleduvanjeto-vtoro-dete-04.jpg

Нештата се подобруваат

Можеби сето ова звучи страшно, но нештата дефинитивно ќе станат подобри.

Адаптирањето на второто дете може да потрае неколку месеци, а за родителите е важно да се грижат за себе.

Имајте на ум дека со две деца, имате право да се чувствувате изморено и под стрес, бидејќи грижата за децата е и заморна, и стресна.

Како што детето ќе почнува да разбира и да учи нови нешта, ситуацијата ќе стане полесна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg