18 заповеди од Марија Монтесори што ќе ви помогнат да станете подобар родител
Марија Монтесори е родена во 1870-та година во Италија и била педагог и лекар, а најпозната е по нејзиниот метод наречен Монтесори.
Во 20-тиот век, мисијата на Марија била да го промени ставот за одгледување деца, а често споделувала кратки, но впечатливи „заповеди“ за родителите.
Вo продолжение погледнете дел oд најдобрите:
1. Децата учат од она што ги опкружува.
2. Ако често го карате вашето дете, тоа ќе мисли дека треба да ги осудува другите.
3. Ако често го фалите детето, тоа ќе сфати дека треба да ги цени другите.
4. Ако кон детето покажувате непријателство, тоа ќе стане насилно.
5. Ако сте искрени со вашето дете, тоа ќе научи што значи праведноста.
6. Ако често го исмејувате вашето дете, тоа ќе стане срамежливо.
7. Ако вашето дете се чувствува безбедно, ќе научи да им верува на другите.
8. Ако често му велите на детето „Засрами се!“, тоа ќе почне постојано да се чувствува виновно.
9. Ако често го охрабрувате детето, тоа ќе има голема самодоверба.
10. Ако детето живее во пријателско опкружување и сфати дека им е потребно на другите, ќе научи како да ја најде вистинската љубов.
11. Никогаш немојте да зборувате лошо за вашето дете, без разлика дали е присутно или не.
12. Фокусирајте се на тоа да го развиете доброто кај вашето дете. На овој начин ќе нема место за лоши навики.
13. Секогаш слушајте и одговарајте на детските прашања и молби доколку ви се обраќа вам.
14. Почитувајте го детето дури и кога ќе погреши. Така побрзо ќе ја исправи својата грешка.
15. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето на кое му треба помош. Ако забележите дека само се снаоѓа, повлечете се.
16. Помогнете му на детето рано да совлада разни вештини. За да го направите ова, осигурете се дека детето е опкружено со позитивност, мир и љубов.
17. Секогаш однесувајте се добро кон вашето дете. Покажете му како да стане најдобрата личност што може да биде.
18. Почитувајте го детето кое одмара, ја набљудува активноста на другите деца или размислува за нешто што направило. Немојте да му се обраќате, ниту да го терате да прави нешто друго.
Спирова С. | Црнобело