Татко ги претворил омилените приспивни приказни на својата ќерка во вистинска книга

Детската радост и насмевка се најчистото нешто што може да постои. 

Bescenet-rodendenski-podarok-Super-tatko-gi-pretvoril-omilenite-prispivni-prikazni-na svojata-kjerka-vo-vistinska-kniga 01 630x340.jpg

Покрај доаѓањето на Дедо Мраз кој желно го исчекуваат секоја зима, малите палавковци возбудливо го чекаат и денот на кој се родиле.

Денот кога тие се „главни“ и можат да добијат сѐ што ќе посакаат. Велат детската насмевка е мерило за успешен роденден. Безброј подароци, воглавно играчки, по некое парче облека, а можеби и некоја книга..

„Книга?! Што ќе му е, само да му зафаќа прашина.. Земи му играчка нема да погрешиш.“ - онака како што би размислувале повеќето од гостите.

Но, оваа приказна ни го докажува спротивното, односно колку само една „обична“ книга може да израдува некого.

Веројатно речиси секој од нас во своето минато заспивал слушајќи магични приказни кои доаѓаа од дебела корица во одредена боја, која сѐ уште тлее во нашите спомени и нè потсетува на детството.

Кетрин Кребтри, како и сите нас имала омилена приспивна приказна. На нејзиниот 10-ти роденден таа добила подарок кој никогаш нема да го заборави.

Кетрин и нејзиниот татко, Бред Кребтри ги сплотува силна врска на татко и ќерка којашто секој татко сонува да ја има со своето мало девојче.

View this post on Instagram

A post shared by Brad Crabtree (@bcrab)

Како што Кетрин растела, таа (како и сите деца) обожавала да слуша приспивни приказни.

Но, нејзнините приказни не биле вообичаени, бидејќи нејзиниот татко со помош на својата фантазија создал приказна во која главниот лик била токму таа, неговата ќерка и нејзиниот имагинарен пријател, еднорогот Френки.

Малата Кетрин сосема се вљубила во приказната, впрочем не поминувала ноќ без да ја чуе, повторно и повторно.

Знаејќи колку неговата ќерка ја сака оваа приказна, нејзиниот татко Бред ја преточил во вистинско дело кое носи наслов: „Авантурите на принцезата Кетрин“.

Извонреденен е фактот дека оваа книга не претставува само класична приспивна приказна, туку Бред во неа додал и дополнителни приказни со поучна содржина за да ѝ помогне на својата ќерка во својот раст да стекне правилни етички и морални вредности.

Некои од приказните се занимаваат со теми како дискриминација, значењето на семејството, вистинското другарство и споделувањето.

На нејзиниот роденден, еден од членовите на семејството ја снимил Кетрин како ги отвора своите подароци. Сѐ течело во најдобар ред, сѐ додека не стигнал на ред подарокот од нејзиниот татко.

Најпрвин, таа не знае што е тоа и мислела дека нејзиниот татко едноставно напишал роденденска честитка на внатрешната корица.

Но, откако таа подобро погледнала, сфатила дека всушност тоа е приказната што нејзиниот татко ѝ ја раскажувал со денови и ноќи.

Непосредно по воочувањето, Кетрин почнала да плаче од радост, а за брзо се придружил и нејзиниот татко Бред, нејзината мајка, како и сите останати во просторијата.

Сведоците на овој настан велат дека глетката била растопувачка, а пак Бред шегувајќи се вели: „Таа, плачеше, јас плачев, тие плачеа..“

Видеото од Кетрин како ја отвора својата омилена книга и нејзината реакција станаа вистински хит на социјалните мрежи.

Сега дуото татко-ќерка има тон обожаватели, па можеби еден ден сите ќе можеме да ги разлистаме страниците на оваа бесценето дело.

Во продолжение, погледнете ја реакцијата на малата принцеза која сосема ќе ве растопи:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg