Славни родители кои не дозволуваат половите норми да влијаат врз нивните деца
Денешното општество ни поставува безброј стандарди – од тоа како треба да се однесуваме, па сè до тоа како треба да изгледаме.
Па, речиси секогаш кога некој ќе „скршне“ од поставените норми, другите почнуваат да му судат.
Но, овие познати личности не му дозволуваат на општеството да им диктира како треба да се однесуваат нивните деца. Тие им се противат на половите норми и им дозволуваат на своите малечки да се изразат како што сакаат.
Ова се славните родители кои одбиваат да го слушаат мислењето на јавноста:
Синот на Двејн Вејд носеше кроп-топ и вештачки нокти
Откако Двејн ја објави фотографијата на Instagram, се соочи со лавина негативни коментари на сметка на неговиот син. Тој, се разбира, веднаш го одбрани:
„Видов многу омраза на социјалните мрежи за мојата семејна фотографија. Глупавоста е дел од овој свет во којшто живееме, па јасно ми е. Но слушајте, јас бев одбран да го водам моето семејство, не сите вие. Па, ние ќе продолжиме да бидеме свои и да се поддржуваме со гордост, љубов и насмевка!“
Џејми Кин и нејзиниот син во фустани
„Премногу го сакам моето малечко. Тој ми ги одбра карминот и фустанот заедно со Анабел Харон.“
Пинк и Вилоу носеа идентични костими
Пинк има изјавено дека ќе го одгледува Вилоу во полово-неутрален дом, без никакви етикети.
„Ние сме домаќинство без етикети. Бев во едно училиште и тоалетот надвор од него беше полово неутрален и имаше цртежи од секакви форми. Го фотографирав тоа и си помислив дека има напредок.“
Синот на Меган Фокс изгледа одлично со фустан со Елса
Меган неколкупати се има огласено против „хејтерите“:
„Тој дизајнира. Креира модни комбинации. Многу е талентиран, но има само 6 години. Навистина ја сака модата. Понекогаш се облекува и самиот и одвреме-навреме сака да носи фустани. Сега сме низ фаза каде што го учам да има самодоверба без разлика што велат другите. Еднаш кажа дека на училиште му се смееле, но потоа изјави дека не му е грижа бидејќи сака фустани.“
Синот на Наоми Вотс со неверојатен Харли Квин костим
За еден Comic Con, синот на Наоми Вотс се преправи во Харли Квин. Неговиот татко објави заедничка фотографија со опис:
„Чувај се Comic Con!“