4 работи кои влијаат на ителигенцијата на бебето уште пред да се роди

Сè помалку млади се решаваат да станат родители на рани години, но дали тоа е правилна одлука?

4-raboti-koi-vlijaat-na-inteligencijata-na-bebeto-uste-pred-da-se-rodi-01.jpg

Истражувачите од разни земји се заинтересирале за прашањето дали ова има некаква врска и поврзаност со интелигенцијата на детето и дошле до прилично интересни заклучоци.

Откриле дека уште пред детето да се роди, на неговата интелигенција и емоционална свесност влијаат 4 фактори.

1. Интелигенцијата зависи од годините на родителите.

Секоја нова личност е родена со еден вид на мутација. Децата имаат околу 70 мутации кои нивните родители ги немаат. Повеќето од нив се носат преку сперматозоидите, а не јајце клетката.

Па, колку што е повозрасен таткото, толку повеќе мутации му пренесува на детето.

Но, работите се малку поинакви кога се работи за годините на мајката. Истражувањата покажале дека колку што мајката е повозрасна, толку интелигенцијата на детето е поголема.

Се докажало дека не се работи само за гените, туку возраста на мајката е тесно поврзана со социјалните фактори – подобро образование, поголемо искуство, знаењето што точно сакаат...

4-raboti-koi-vlijaat-na-inteligencijata-na-bebeto-uste-pred-da-se-rodi-02.jpg

2. Генетските тестови се добра идеја, дури и ако немате никаква болест

Пред да останете бремени не би било лошо да се тестирате за генетски мутации кои можеби ги носите, а не сте ни свесни.

Тие значително може да влијаат на понатамошниот развој на плодот и детето, откако ќе порасне.

3. Развојот на детето е поврзано со тоа колку мајката била загрижена за време на бременоста

За нервниот систем на детето да се развие правилно, важно е да не се претерува со стрес и анксиозни мисли за време на бременоста.

Во текот на повеќе истражувања дојдено е до заклучок дека мозокот на бебето во утробата на мајката подобро се развива ако мајката научи како да го контролира стресот.

4-raboti-koi-vlijaat-na-inteligencijata-na-bebeto-uste-pred-da-se-rodi-03.jpg

4. Нивото на стрес исто така влијае на интелигенцијата на детето

Во минатото се верувало дека темпераментот е нешто со што детето се раѓа и на него ништо не може да влијае. Но, сега овој концепт се менува.

Стручњаците откриваат дека развојот на фетусот во матката е тесно поврзан со стресот кој мајката го чувствува.

Доколку плодот во стомакот го честопати го чувствува порастот на бројот на срцеви отчукувања, откако ќе се роди може да има зголемени шанси за хиперактивност.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg