3 причини зошто секое семејство треба да има таен код за опасни ситуации

Доколку вашето дете е само дома и некој затропа на вратата или доколку се наоѓа во непријатно друштво, тајниот код за опасни ситуации може да биде од голема помош.

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-01.jpg

Покрај тоа, на овој начин вашето дете ќе научи дека не треба да им верува на непознатите личности и ќе има начин да ја побара вашата помош кога нема да може да зборува.

Сигурно безбедноста на вашето дете ви е најважна, па затоа погледнете зошто треба да смислите таен код за опасни ситуации:

Како да го одберете вистинскиот збор?

Кодот треба да биде збор кој е лесен за помнење, изговарање и пишување. Покрај тоа, ова треба да биде збор што секој од семејството веднаш ќе го препознае.

Можете да одберете збор на предмет што го сакате сите, од некоја шега, животно, а можете да користите и само буква.

Немојте да одберете збор што се користи многу често или што вашето дете не може да го запомни. На пример, можете да го користите зборот „слон“ - лесен е за помнење и брзо се пишува. 

Во онлајн комуникацијата, можете да го користите и емотиконот црвен Х. Доколку вашето дете сака веднаш да го земете од некое место, доволно е да ви го испрати овој емотикон.

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-02.jpg

Прва причина: Непознати лица

Доколку вашето дете треба да го земе некој пријател или кој било освен вие, тогаш многу ќе ви помогне тајниот код.

Кажете ѝ го кодот на личноста што треба да го земе вашето дете. На овој начин, детето нема да замине со некој што не го знае кодот.

Кога детето ќе сфати дека личноста не го знае кодот, ќе може веднаш да избега или да побара помош.

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-03.jpg

Втора причина: Оставање на детето само дома

Понекогаш морате да ги оставите децата сами дома. Иако веројатно ќе им кажете да не ја отвораат вратата на никого, ако некој им се претстави како роднина или пријател, тие лесно можат да му поверуваат.

За да го избегнете ова, научете го детето секогаш да прашува за тајниот код. Ако некој мора да дојди додека сте отсутни, кажете му го кодот и вашето дете ќе знае дека личноста нема лоши намери.

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-04.jpg

Трета причина: Опасни ситуации

Ако поради некоја причина бидете разделени со вашето дете, тоа може да го користи тајниот код. Извикувањето на кодот полесно ќе ви го привлече вниманието, отколку викањето „Мамо!“ или „Тато!“.

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-05.jpg

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-06.jpg

Не плашете ги децата

Најважното е да на ги заплашите вашите деца. Објаснете му дека не секоја непозната личност е лоша и не секоја ситуација е опасна.

Кажете му дека тајниот код е само мерка за претпазливост.

3-prichini-zoshto-sekoe-semejstvo-treba-da-ima-taen-zbor-za-opasni-situacii-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg