Исповед на една мајка: Како се справувам со две деца и што ми помага?

„Марихуаната ми помогна многу, особено кога станува збор за мајчинството. Никогаш не сум била премногу трпелива со своите деца, а марихуаната всушност прави да сум подобра мајка. Ја консумирам секојдневно.

Imam-2-deca-ii-pusham-marihuana-sekoj-den-01.jpg

Никој не се чуди кога мајките уживаат во чаша вино или две секој ден откако децата ќе си легнат во своите кревети, но се муртат кога ќе слушнат дека палам џоинт. Тоа предизвикува огромен шок“, вели Caitlin Fladager, мајка на 2 деца од Ванкувер, Канада.

Таа се одлучила да проговори јавно на оваа тема со цел да ја подигне свеста кај луѓето и да им објасни дека марихуаната не е најголемото зло како што многумина веруваат.

Imam-2-deca-ii-pusham-marihuana-sekoj-den (1).jpg

Кејтлин страдала од депресија и анксиозност и благодарение на марихуаната состојбата ѝ се подобрила. Успеала да ја зголеми својата телесна тежина откако претходно била преслаба, на границата да се разболи од нешто сериозно.

„Сега ја имам најздравата тежина во мојот живот. Во ред е да си запалите џоинт доколку тоа ви помогне да не консумирате лекови. Јас успеав воопшто да не пијам антидепресивни медикаменти“.

Младата мајка открила дека претходно имала и проблеми со алкохолот, а и со своето однесување кое следувало после консумирањето на истиот.

Imam-2-deca-ii-pusham-marihuana-sekoj-den (3).jpg

Imam-2-deca-ii-pusham-marihuana-sekoj-den (5).jpg„Исповед на една анксиозна мајка: Мразам колку многу им викам на своите деца“.

„Марихуаната ми помогна да престанам да пијам алкохол. Искрено радо би запалила џоинт отколку да пијам алкохол. Марихуаната е мојата чаша вино, мојата лименка пиво, моето време за опуштање. И сметам дека и понатаму можам да бидам супер мајка, иако консумирам марихуана“, завршува Кејтлин.

Imam-2-deca-ii-pusham-marihuana-sekoj-den (4).jpg„Мојата депресија и анксиозност може да ме направат одвратен пријател - но не се извинувам“.

Imam-2-deca-ii-pusham-marihuana-sekoj-den (2).jpg

Инаку, марихуана во Канада е легализирана од 18 октомври, 2018 година. 

Што мислите вие, дали марихуаната помага во тоа да бидеш подобар родител или напротив?

Каков е вашиот став на оваа тема?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg