Водич за тазе родители: Како НЕ се држи детето?

Секој родител е загрижен за безбедноста на своето дете, па внимава како го држи.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-01.jpg

Но, изгледа дека некои од честите начини на држење можат да му наштетат на вашето малечко.

За да ги избегнете проблемите и опасностите, никако немојте да го држите вашето бебе на следниве начин:

Држење под пазувите

Кога го држите бебето, многу е важно да му ја држите и главата. Бебињата немаат развиени мускули во вратот, па наглото движење на главата може да резултира со повреди.

Децата немаат добра потпора на главата сè додека не наполнат 4-6 месеци.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-02.jpg

Носилка

Носилките не се опасни, но треба да знаете како да ги користите.

Важно е да ги наместите нозете на детето исто како да го држите во раце.

Доколку нозете на бебето висат, тоа може да предизвика проблеми со неговите колкови.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-03.jpg

Ставање на главата на детето на вашето рамо

Ако го држите бебето на градите, обрнете внимание на неговото лице – тоа треба да биде над вашето рамо.

Во спротивно, му го отежнувате дишењето, а нечистотиите од вашата облека можат да навлезат во неговата уста.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-04.jpg

Не ги менувате страните

Кога го држите вашето бебе, важно е да ја менувате страната.

Причината се неговите неразвиени мускули. Ако не ја менувате страна на држење, мускулите на едната страна од вратот можат да се развијат помалку.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-05.jpg

Не внимавате на грбот

Никогаш не треба да го држите бебето само за задникот и главата. Пред сè, на овој начин постои голем ризик да падне.

Покрај тоа, во оваа положба се преоптоварува неговиот ’рбет. Па, секогаш држете го и грбот на бебето со едната рака.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-06.jpg

Држење на бебето свртено кон напред

Во оваа положба, потешко ви е да го контролирате вашето малечко.

Покрај тоа, овој начин на држење создава притисок на неговиот грб, а нозете на бебето висат.

Секогаш држете го бебето свртено кон вашите гради.

nachini-na-drzhenje-shto-mozhat-da-bidat-opasni-za-vasheto-bebe-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg