„Никој не чисти дома секој ден и никој нема секс секој ден“ – Охрабрувачка исповед на една мајка
Сите мајки се прекрасни и совршени, а овој текст ќе ви покаже дека никогаш не треба да се сомневате во себе, да се споредувате со другите и да мислите дека некој има совршен живот.
Лаура Маца води свој блог, а на социјалните мрежи постојано споделува фотки и текстови со кои ги мотивира и охрабрува родителите.
Објавата во која ги охрабрува сите мајки, опишувајќи го нејзиниот живот со три деца, вирално се шири, а таа гласи:
„Луѓето секогаш ми велат – Не знам како успеваш со 3 деца. Јас не можам ни со едно да се справам. А, јас секогаш велам, првото е најтешко. Никогаш не сум била повеќе шокирана, изморена и ненаспана. Да, тешко е со три деца. Но, кога за првпат ќе се соочиш со мајчинството, се чувствуваш како да си влегла во торнадо што непрекинато те врти, а потоа те исфрла. Тие денови се најтешки.
Но едно знам со сигурност – тие денови се поретки. Може да го прегнувате вашето бебе, може да ви спие во раце, може да имате рутина или не – ништо од тоа не е лошо или погрешно.
Некои денови ќе се истуширате, а некогаш ќе мирисате како орангутан. Некои денови ќе се чувствувате благословено, а некои ќе се мразите себеси за тоа што посакавте дете. Но, двете работи се во ред, ниту една од нив не ве прави лоша мајка.
Дали ќе имате дадилка, ќе спиете, ќе си го подавате детето со партнерот како да е топка, или ќе го ставите бебето во креветче за малку да се одморите – сè ова е во ред. Вашето ментално здравје е важно. Грижата за себе е важна. Уште сте човечко суштество. Не мора да се преморувате до последни сили за да бидете добра мајка. Не мора да се изгубите себеси.
Никој не чисти дома секој ден. Никој нема секс секој ден. На никој не му е сè совршено во животот. Сите понекогаш правиме грешки и имаме падови. Дури и оние кои секогаш изгледаат совршено.
Имав царски рез, и беше тешко. Родив и по природен пат, и тоа беше тешко. Доев со мајчино млеко, но ги хранев децата и со млечна формула – сè беше тешко и напорно. Независно што и како правев, сепак сите мои деца кажуваат погрдни зборови во погрешно време, темпераментни се и јадат на земја.
Никогаш не сум се расправала повеќе со мојот сопруг. Нашите односи биле оддалечени и заладени, но ќе се зближите повторно, ветувам.
Па, да се вратам, не знам како се справувам со три деца, и не знам на кој начин вие се справувате со едно, но едно е сигурно – СИТЕ НИЕ се справуваме со нив и тоа го правиме добро.
Вие сте прекрасни. Сте поминале низ сè со многу солзи, со покакани пелени и први чекори – и тоа ве прави прекрасни. Никогаш не се сомневајте во себе, бидејќи вашите малечки никогаш не се сомневаат. За нив, вие сте неверојатни. За нив, вие сте сè.“
https://www.facebook.com/themumontherun/photos/a.1086894851378492/2706226396111988/