5 совети за воспитување деца што можеме да ги преземеме од Швеѓаните

Веројатно ќе се согласите дека воспитанието на децата не е лесна задача. Потребно е многу љубов, внимание и време. Понекогаш премногу напор создава контра-ефект, а на децата треба да им се дозволи да се играат и да фантазираат.

5-soveti-za-vospituvanje-na-deca-sto-mozeme-da-gi-prezememe-od-sveganite-001.jpg

Шведска може да послужи како пример за добра практика за воспитување деца.

Поточно, можеби не знаевте, но во оваа земја двајцата родители имаат право на одмор по раѓањето на детето.

Стандардот и грижата за децата е многу повисок отколку во балканските земји, сепак, постојат универзални совети што можеме да ги примениме.

1. Оставете ги вашите деца да спијат на отворено

Да, добро прочитавте ...Во Шведска температурите често не надминуваат нула, сепак, ова не ги спречува повремено да ги пуштат своите деца да спијат во количката додека се надвор. Причината е едноставна, на бебето му е пријатен свежиот воздух.

2. Играјте се со вашите деца секој ден

Во Шведска постои израз кој гласи: „Нема лошо време, само лоша облека“. Затоа децата се играат надвор, без разлика дали врне дожд или снег. Причината повторно лежи во свежиот воздух, но и стекнувањето имунитет преку скокање по калта.

Училиштата, исто така, работат за време на најстудените денови, а децата се среќни и се развиваат на здрав начин.

5 soveti za vospituvanje na deca sto mozeme da gi prezememe od Sveganite 02

3. Играње во игротеки

Родителите во Шведска ретко се одлучуваат за старателка, но ги остават своите деца, постари од една година, во игротека.

Целта е децата до седумгодишна возраст да се играат што е можно повеќе, а потоа да посветат повеќе време на учење.

4. Претворете го петокот во семеен ден

Ако ги сакате скандинавските земји и нивната култура, запознаени сте со терминот „ hygge“. Сепак, Швеѓаните го смислија својот термин за ова – „mysigt“.

Идејата е, по извршувањето на дневните активности, родителите и децата да се покријат со ќебе и да гледаат филм, додека аромата на миризливите свеќи се шири околу нив.

5 soveti za vospituvanje na deca sto mozeme da gi prezememe od Sveganite 03

5. Не претерувајте со дополнителни активности

Тренинг, па лекции по пијано, и на крајот вежби за деца, сé во еден ден, звучи познато, зарем не? Родителите им посакуваат најдобро на своите деца, така што не е ни чудно што ги запишуваат на бројни активности.

Швеѓаните даваат предност само на играта на отворено. Тие се водени од идејата дека на децата треба да им се овозможи да се забавуваат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg