Жртвите на нашите родители што не ги ни забележуваме
Кога сме млади, речиси сите ја земаме љубовта на родителите здраво за готово. Па, не ги цениме и не ги почитуваме колку што заслужуваат.
Но, со текот на времето, секој од нас сфаќа дека родителите ни се најголемата поддршка. Овие луѓе се откажале од многу нешта, само за да нè израснат на најдобриот можен начин.
Без сомнение, нашите родители прават многу за нас, а ова се нивните жртви што речиси не ги ни забележуваме:
Секогаш ви го давале најдоброто, дури и кога немале ништо
За родителите, децата се најважното нешто на светот. Па, тие би направиле сè за да стават насмевка на нивното лице.
Неретко, наместо да си купат нешто за себе, родителите ги ставаат децата на прво место и го купуваат она што им треба и што ги прави среќни.
Не заборавајте дека вашите родители секогаш ја ставаат вашата удобност пред нивната.
Го жртвувале нивниот сон за вие да сонувате големо
Сите знаат дека кога во домот има мало бебе, родителите ретко кога имаат време за спиење. Но, ова не е единствената промена.
Кога во семејството доаѓа нов член, потребно е и ново финансиско планирање. Родителите почнуваат да работат повеќе за трошоците што ги чекаат во иднина.
Всушност, новите родителите толку многу сакаат да им обезбедат добра иднина на децата, што стануваат и подобри работници во тој период.
Не заборавајте дека вашите родители поминале многу ноќи работејќи, само за вие да можете да целите кон ѕвездите.
Се откажуваат од нивните хобија
Родителството е работа со полно работно време. Па, кога ќе се роди детето, за родителите е речиси невозможно да имаат некакво хоби.
Листата со обврски како да нема крај, па голем број родители се откажуваат од нивните хобија, само за нивните деца.
Оставиле сè и се грижеле за вас кога сте биле болни
Постои причина зошто кога сте болни, веднаш помислувате на вашите родители.
Уште од најрана возраст, родителите биле овде за вас и се грижеле за вашето здравје. Без разлика колку и од што сте биле болни, тие оставале сè, само за да се грижат за вас.
Го запоставуваат социјалниот живот за да минуваат време со вас
Многу е важно децата и родителите да минуваат време заедно, за да ја зајакнат нивната врска.
Но, за оваа цел, вашите родители најверојатно го жртвувале нивниот социјален живот. Средбите со пријателите никогаш не биле во прв план.
Ви го давале последниот залак, дури и кога биле гладни
Ова е нешто што никој родител нема да му го каже на своето дете.
Неретко, ако родителите се во лоша финансиска состојба, тие им го даваат на децата својот дел од храната.
Секој родител без двоумење ќе си легне со празен стомак, ако тоа значи дека неговото дете ќе има што да јаде.
Приватноста е луксуз што не можат да си го дозволат
За секој пар, штом ќе се роди детето, приватноста целосно исчезнува.
Децата ги следат родителите каде и да отидат, постојано поставуваат прашања, сакаат да спијат со нив… А родителите, без проблем го прифаќаат сето тоа.
Штеделе за вашата иднина, наместо да трошат на себе
Кога прв пат ќе се вработите, ќе сфатите колку е тешко да се заработат пари. Па, замислете колку работеле вашите родители за да го издржат целото семејство, а притоа не трошеле ништо за себе.
Родителите го штеделе секој денар плус, само да ви ја овозможат иднината што ја сакате.
Останале смирени кога сте им ги уништувале омилените нешта
Родителството бара навистина mногу трпение. Помислете, колку пати сте скршиле шолја, вазна или сте уништиле нешто што вашите родители го сакале.
Помислете колку пати сте се однесувале лошо и сте ги посрамувале родителите.
Во овие ситуации, можеби сте биле опоменати, но родителите сепак останале смирени и не покажале колку сте ги повредиле.
Ви го дале целото нивно срце
Како што растете, сфаќате дека никој нема да ве сака колку вашите родители.
Токму тие ви покажале како изгледа несебичната, безусловна љубов. Па уште денес, прегрнете ги вашите родители и кажете им колку го цените она што го направиле за вас.
Спирова С. | Црнобело